Сонда со примероци од карпи од Месечината на пат кон Земјата
4 јуни 2024Кина известува за успешен старт на модулот Chang'e-6 од Месечината и упатување кон Земјата. Сондата треба да донесе примероци од карпи од далечната страна на Месечината на Земјата - што би било прв пат во човековата историја, како што објави државната новинска агенција Ксинхуа, повикувајќи се на Националната вселенска агенција. Пред стартот на модулот, кинеското знаме било закачено на задниот дел на земјиниот сателит, јави Ксинхуа.
Месечевата сонда Chang'e-6 слета на далечната, темна страна на Месечината пред два дена. Таму требаше да собере околу два килограми примероци од карпи и почва во таканаречениот басен на Јужниот Пол-Ајткен. Враќањето на Земјата се очекува на 25-ти јуни.
При претходната мисија Chang'e-5 веќе беа собрани камења и примероци од почвата, но од предната страна на Месечината. Кина е третата земја по САД и Советскиот Сојуз што го постигнала тоа Доколку Chang'e-6 се врати успешно на Земјата, Народна Република ќе биде првата земја што ќе донесе примероци од карпи од задниот дел на Земјиниот сателит.