1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Партиите сè уште далеку од договор за датумот на изборите

ДТЗ
27 октомври 2023

Премиерот Ковачевски со коалиционите партнери разговараше за изборите. Сега се чека од опозицијата да се вклучи во работната група во Министерството за правда.

https://p.dw.com/p/4Y6Fd
Димитар Ковачевски
Ковачевски ја повикува опозицијата да се приклучи кон работната група за да се договори датум за изборитеФотографија: Petr Stojanovski /DW

Премиерот Димитар Ковачевски денеска повторно ја повика опозициската ВМРО- ДПМНЕ да делегира свој претставник во работната група во Министерството за правда, каде меѓу другото ќе се разговара и за датумот за одржување на изборите идната година. Се друго би било вонинституционално договарање, вели Ковачевски кој и порача на опозицијата дека датуми за избори не се договараат на аеродроми, како што тоа било случај порано. 

Собранискиот спикер, Талат Џафери во четвртокот (26.10) им даде рок на партиите да се договорат околу датумот за претседателските избори до Нова Година, за да се испочитуваат законските рокови. За датумот на парламентарните извори, партиите ќе имаат дополнителен простор за усогласување на позициите. 

Средба со четири партии

Повикот на Ковачевски со опозицијата следи откако тој имал средби во Собранието во четвртокот (26.10) со претседателите на четири политички партии, кои се дел од владината коалиција, меѓу кои и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на коишто разговарале за датумот за изборите во 2024 година.  

„Во Министерството за правда веќе постои работна група, каде сите политички партии имаат делегирано свои претставници, согласно законот. Единствено ВМРО-ДПМНЕ нема делигирано свој претставник. Ги поттикнувам да делегираат свој претставник, бидејќи не може една или две партии да одлучуваат во процес во којшто учествуваа 30 и повеќе политички партии“, изјави Ковачевски при посетата на Дојран. 

Парламент Северна Македонија
Ковачевски со коалиционите партнери разговараше за изборите. Сега се чека од опозицијата да се вклучи во работната група во Министерството за правдаФотографија: Kabinett des Präsidenten von Nord-Mazedonien

Се друго, според него, сите средби надвор од тој формат се вонинституционални. „Такви работи гледавме во минатото кога претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата од аеродром кажувал датум, па потоа се воделе исцрпувачки преговори, а со таквите политики државата не одеше напред, туку навлезе во длабока политичка криза која потоа со изборите во 2017 година ја надминавме. Оттогаш демократските процеси и изборите се одвиваат според законот“, рече премиерот.

Обвинувања

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вчера предочи дека 8 мај е критичен датум за претседателските избори, бидеќи новиот претседател треба да биде инаугуриран најдоцна до 12 мај.

Талат Џафери
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека 8 мај е критичен датум за претседателските избориФотографија: Petr Stojanovski/DW

Тој информираше и дека пратеници од Беса и Алтернатива поднеле барање за оглас за член на Државната изборна комисија.

Претседателите на Алтернативата, Беса и Демократското движење, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити денеска на прес-конференција обвинија дека министерот за надворешни работи Бујар Османи како претседавач на ОБСЕ ја злоупотребил функцијата да влијае врз набљудувањето на изборите следната година.

„Знаеме на што се способни за да го сочуваат богатството, затоа здружената албанска опизиција има легитимитет да бара соодветна застапеност во ДИК. Сметаме дека е целосно ирационално да се прави двоен трошок, но сакаме да ги чуеме аргументите на СДСМ и ДУИ со кои ќе го бранат ставот да има одвоени избори“, изјави Касами.