1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Напад со дронови врз Москва: Русија ја обвини Украина

СН/агенции
30 мај 2023

Москва, според руски наводи, била цел на напад со беспилотни летала. Руското Министерство за одбрана, во меѓувреме, ја обвини Украина за, како што го нарече, „терористичкиот напад“ врз Москва,

https://p.dw.com/p/4Rx3e
Москва, по вторпат месецов цел на напад со беспилотни летала?
Москва, по вторпат месецов цел на напад со беспилотни летала?Фотографија: ALEXANDER NEMENOV/AFP/Getty Images

Во напад со беспилотни летала погодени се најмалку две станбени згради во Москва, со „мали“ оштетувања и без сериозно повредени лица, изјави рано утрината градоначалникот на руската престолнина, Сергеј Собјанин. „На местото на несреќата се служби за итна помош од градот“, изјави Собјанин.

Руската државна новинска агенција РИА објави дека некои жители на зградите на улицата „Профсојузнаја“ во јужниот дел на Москва се евакуирани.

Неколку руски канали на Телеграм објавија дека четири до десет беспилотни летала биле соборени на приодите кон градот.

И гувернерот на Московската област Андреј Воробјов изјави дека противвоздушната одбрана на градот била многу активна:  „На приодите кон Москва, беа соборени неколку дронови“, истакна Воробјов.

Една од станбените згради во Москва, лесно оштетена при нападот со дрон
Една од станбените згради во Москва, лесно оштетена при нападот со дронФотографија: AP Photo/picture alliance

Руското Министерство за одбрана, во меѓувреме, ја обвини Украина за, како што го нарече, „терористичкиот напад“ врз Москва.  Според министерството сите осум беспилотни летала што биле користени во нападот биле уништени.

Михајло Подолјак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски негираше дека Киев е директно вклучен во нападите со беспилотни летала врз Москва. Во исто време, тој рече: „Украина со радост гледа на настаните“. Подолјак предвиде дека ваквите напади ќе зачестат. 

Русија повеќе од 15 месеци води агресорска војна против соседна Украина. Во изминатите неколку недели, гранатирањето и нападите со беспилотни летала се зголемени и во руските региони. Веројатно најспектакуларниот инцидент се случи на почетокот на мај кога два летечки објекти беа соборени директно над Кремљ. Москва го обвини раководството во Киев за наводен обид за атентат врз претседателот Владимир Путин. Киев негираше каква било вмешаност. Многу меѓународни набљудувачи сметаат дека е веројатно оти нападот врз Кремљ можеби бил инсцениран од самата Москва за да ги оправда бруталните напади врз Украина.

.