Нобеловата награда за мир врачена на децата на Мохамади
11 декември 2023Децата на затворената иранска активистка Наргес Мохамади на церемонијата во норвешката престолнина ја примија во нејзино име годинашната Нобелова награда за мир.
Мохамеди е позната по кампањата за правата на жените и демократијата во нејзината земја, како и за борбата против смртната казна.
Наградата ја примија Али и Кијана Рахмани, 17-годишните деца близнаци на Мохамади, кои живеат со својот татко во егзил во Париз .
51-годишната Мохамади, беше наградена со Нобеловата награда за мир за 2023 година во октомври за нејзиниот повеќедецениски активизам и покрај бројните апсења од иранските власти и годините поминати зад решетки. Во моментов е во затвор во Техеран.
Активистата отслужува затворска казна поради повеќе обвиненија, вклучително и наводно ширење пропаганда против Исламската Република.
Во Осло таа беше симболично претставена преку портрет и празно столче, што служи како потсетник дека Мохамади е еден од ретките добитници на награди кои не можеа да присуствуваат на доделувањето.
Останатите Нобелови награди за физика , хемија, медицина, економија и литература синоќа им беа врачени на годинешните лауреати од страна на шведскиот крал Карл Густаф Шеснаесетти на церемонија во Стокхолм ги додели Нобеловите награди за физика, хемија, медицина и економија и литература.