1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Нови тешки руски напади врз Украина

ЕМФ / дпа
18 мај 2023

Руската армија повторно напаѓа украински градови со дронови и ракети. Во Одеса загина едно лице, а две се повредени.

https://p.dw.com/p/4RX9K
Остатоци од ракети паднати во Киев
Остатоци од ракети паднати во КиевФотографија: Valentyn Ogirenko/REUTERS

Портпаролката на украинската армиска група Југ, Наталија Хуменјук, соопшти дека вчеравечер (17.05)  имало тежок напад врз Одеса. „Во нашата зона, за која сме ние одговорни, вечерта е регистриран тежок ракетен напад врз Одеса“, изјави денеска Хуменјук. Според неа, најголемиот број ракети се пресретнати над морето, „но, за жал, има и погодоци“. Од Одеса доаѓаат информации за еден загинат, и две повредени лица.

Противвоздушната одбрана на Украина беше во акција и над Киев. Според наводи на шефот на киевската воена управа, Серхиј Попко, сите воздушни цели биле пресретнати и уништени. Ова е деветти воздушен напад од почетокот на мај.

„Овојпат нападот го извршија стратешки бомбардери од типот Ту-95МС и Ту-160 од регионот на Каспиското Море со крстосувачки ракети од типот Ч-101/555“, напиша Попко на каналот на воената управа на Киев на Телеграм. Како што се вели, остатоци од ракети паднале во две населби, но нема загинати или повредени. Градоначалникот Виталиј Кличко ја потврди информацијата.

Чад над згради во Киев по рускиот напад (18.05.2023)
Чад над згради во Киев по рускиот напад (18.05.2023)Фотографија: REUTERS

Киев во последните денови неколкупати беше нападнат со ракети и беспилотни летала. Според руски информации, уништен е и систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ испорачан од САД. Во Вашингтон само беше потврдено дека системот е „малку оштетен“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема