Орбан во Москва: Унгарија ја откажа средбата Сијарто-Бербок
6 јули 2024Унгарското претседавање со ЕУ трае само шест дена, а унгарскиот премиер Виктор Орбан веќе предизвика вистински скандал. Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, всушност сакаше да се сретне со својот колега од унгарското Министерство за надворешни работи, Петер Сијарто, во понеделник (8 јули, 2024) во Будимпешта. Деликатна тема на разговорите: иритирачките обиди на Орбан да посредува за мировна иницијатива меѓу Украина и Русија. Но, унгарската страна краткорочно ја откажа средбата, соопшти во петокот германското Министерство за надворешни работи.
Будимпешта: Технички а не политички причини
Средбата на министерот Петер Сијарто со германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок закажана за понеделник во Будимпешта е откажана поради технички, а не политички причини, соопшти во денеска унгарското Министерство за надворешни работи.
„Поради непредвидена промена на календарот на министерот, Министерството за надворешни работи побара посетата да се одржи подоцна, се надеваме во блиска иднина“, соопштија од Министерството. „Причината е чисто техничка, а не политичка.“
Министерство за надворешни работи на Германија во петокот соопшти дека е „изненадено“ од откажувањето и изрази жалење. „Сериозен и искрен личен разговор меѓу двајцата министри за надворешни работи би бил важен со оглед на изненадувачкото и некоординирано патување на премиерот Орбан во Москва“, соопшти Министерството.
Орбан во Москва: Бес во Брисел
И покрај масивните критики од ЕУ и од Украина, унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во петокот (5 јули, 2024) во Москва - неколку дена откако неговата земја го презеде претседавањето со ЕУ и два дена откако ненадејно го посети Киев. Тема, меѓу другото, беше руската агресорска војна против Украина.
Во заедничката изјава за медиумите со Путин, Орбан истакна дека мирот во Европа нема да дојде сам по себе, туку ќе мора да се изработи од сите страни. Позициите на Москва и Киев се многу оддалечени. Направен е важен чекор со патувањето, воспоставен е контакт, рече Орбан и додаде дека тој сака да продолжи по овој пат.
Средбата во Москва беше прва средба на лидер од ЕУ со Путин во Москва од април 2022 година, два месеци откако Москва започна целосна инвазија на Украина.
Состанокот налути бројни лидери на Европската унија, кои предупредија дека не ѝ попуштат на Москва и рекоа дека Орбан не зборува во име на ЕУ.