По три децении тргна возот од Куманово кон Бељаковце
17 јануари 2025По речиси три децении од почетокот на изградбата, возот тргна од Куманово кон Бељаковце, со што беше пуштена во употреба првата фаза од железничката пруга од Северна Македонија кон Бугарија. ПремиеротХристијан Мицкоски заедно со повеќе министри и пратеници и новинари со воз отпатува во селото Бељаковце на пуштање во употреба на железничката пругата која е дел од Коридорот 8.Пругата Куманово – Бељаковце е со должина од 30.8 километри. Градежните зафати траеја 28 години, за што се инвестирани над 78 милиони евра.
Дел од средствата се обезбедени од ЕУ и ЕБОР, а во сегменти на оваа пруга преку свои активности учествува и компании од Италија, Словенија, Австрија и други европски држави.
„Последниот воз кој се обратил на овие правци е во далечната 1996 година и практично нејзината изградба стана мит за лагите и неуспесите на, за жал на, многу Влади потоа. Речиси 28 години потоа, еве на еден убав настан, каде сме сведоци на пуштањето во употреба да модерна железница, важен сегмент на Коридорот 8“, порача премиерот.
Коридорот 8 претставува значаен и стратешки проект заедно со Коридорот 10.