КонфликтиГлобално
Столтенберг: Русија не смее да победи во војната во Украина
4 август 2022Реклама
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја обвини Русија дека со војната во Украина „врши напад врз актуелниот светски поредок“. Во наш интерес е ваквиот начин на агресивна политика да не биде успешен“, изјави Столтенберг во говор на норвешкиот остров Утоја кај Осло. Русија не смее да ја добие војната во Украина. Станува збор за најопасната ситуација во која се наоѓа Европа од Втората светска војна досега, изјави Столтенберг. Истовремено, тој ја истакна одбранбената одлучност на Алијансата. Доколку рускиот претседател Владимир Путин се обиде да се однесува на сличен начин кон земја која е членка на НАТО, ќе реагира целата Алијанса, порача Столтенберг.