1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГерманија

Уште една експлозија во центарот на Келн

СН/агенции
18 септември 2024

Во германскиот град Келн по вторпат за само неколку дена се случи експлозија. Медиумите јавуваат дека едно лице е полесно повредено, а повеќе детали за експлозијата допрва ќе бидат соопштени.

https://p.dw.com/p/4kk1j
Полцијата во Келн со полни раце работа по новата експлозија во центарот на градот
Полцијата во Келн со полни раце работа по новата експлозија во центарот на градотФотографија: IMAGO/Panama Pictures

Во западниот германски град Келн утринава, по вторпат неделава, се случи мала експлозија.

Локалната телевизија ВДР објави дека најмалку еден случаен минувач е повреден и дека сличен експлозивен материјал бил користен како во инцидентот во понеделникот.

Експлозијата се случила околу 5 часот утрото по локално време во центарот на градот, на Еренштрасе, улица полна со продавници и станови. Според локалните медиуми детонацијата се случила пред продавница за облека. Искршени се прозорците во зградата, а противпожарната служба морала да изгасне мал пожар. Локацијата е на само 100 метри од местото на инцидентот два дена претходно.

Местото на експлозијата во Келн во понеделникот на 16. септември, 2024 година
Местото на експлозијата во Келн во понеделникот на 16. септември, 2024 годинаФотографија: Benjamin Westhoff/dpa/picture alliance

Во понеделникот експлозивна направа експлодираше пред дискотеката Венити на булеварот Хоенцолернринг во центарот на метрополата. Притоа полесно беше повредено едно лица а полицијата трага по поставувачот на експлозивната направа, кој е снимен од камера за надзор. 

Властите не посочија дали има поврзаност меѓу двете експлозии. Во последните месеци имаше извештаи за мали експлозии ширум најголемата покраина во Германија, Северна Рајна-Вестфалија (НРВ), каде што се наоѓа Келн. Постајат сомневања дека експлозиите се поврзани со пресметки на криминални банди.

Покраинската полиција на НРВ на својата страница на социјалната мрежа X напиша :„Ние сме на местото на настанот со голем контингент полицајци“ и оти ја блокирала областа. Полицијата ја повикаа јавноста да ја избегнува областа во близина на местото на експлозијата.