1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаСоединети Американски Држави

Товарен брод урна мост во Балтимор, САД

26 март 2024

Товарен брод во вторникот го урна мостот Френсис Скот Ки во американскиот град Балтимор. Полицијата стравува дека во водата паднале најмалку 20 луѓе кои се нашле на мостот во моментот на уривањето.

https://p.dw.com/p/4e7fY

Според наводи на сообраќајните власти во американската сојузна држава Мериленд, мостот Френсис Скот Ки во американскиот град Балтимор се урнал по судар со товарен брод. Првите повици за итна помош во спасувачките служби биле примени околу 1:30 часот по локално време.

На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа контура на товарен брод на еден од столбовите - од таа точка почнува уривањето на целата коловозна плоча. Неколку возила паѓаат во вода. Врз основа на информации од веб-страницата „Marine Traffic", новинските агенции утврдиле дека веројатно се работи за контејнерски брод со знаме на Сингапур.

Мостот долг околу 2,57 километри беше завршен во 1977 година. Станува збор за мост со четири ленти преку кој минува меѓудржавниот автопат 695, наречен „Балтиморски појас“. Мостот ги поврзува населбите Хокинс Поинт и Дандалк, кои се разделени со реката Патапско. Од управата за транспорт во Мериленд соопштија дека автопатот е затворен и сообраќајот се пренасочува.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема