1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Блиски Исток: Нема ослободување на заложниците пред петок

СН/агенции
23 ноември 2023

Почетокот на планираната размена на заложници за затвореници и придружното примирје меѓу Израел и Хамас е одложен, изјави советникот за национална безбедност на израелскиот премиер. Разговорите сè уште се во тек.

https://p.dw.com/p/4ZL3m
Фотографии на дел од заложниците на зграда во близина на израелското Министерство за одбрана во Тел Авив
Фотографии на дел од заложниците на зграда во близина на израелското Министерство за одбрана во Тел АвивФотографија: Debbie Hill/UPI Photo/Newscom/picture alliance

Ослободувањето на заложниците според договорот за привремен прекин на огнот меѓу Израел и милитантите на Хамас нема да се случи пред петок, изјави израелски советник за национална безбедност.
Израел и Хамас рано во средата се договорија за прекин на огнот во Газа на најмалку четири дена за да се овозможи пристигнување на помош и ослободување на најмалку 50 заложници кои ги држат милитантите во палестинската енклава во замена за најмалку 150 Палестинци затворени во Израел.
Времето на почетокот на прекинот на огнот и ослободувањето на заложниците кои Хамас ги зароби за време на нападот врз Израел на 7 октомври допрва ќе биде официјално објавено. Извор од египетските безбедносни сили рече дека посредниците побарале тој да започне во 10 часот во четврток, 23 ноември, 2023.
Израелскиот јавен сервис Кан, повикувајќи се на израелски функционер, соопшти дека имало 24-часовно доцнење во спроведувањето на договорот, бидејќи тој сè уште не бил потпишан од Хамас и од посредникот Катар. Официјалниот претставник рече оти се оптимисти дека договорот ќе се спроведе откако ќе биде потпишан.
Преговорите за ослободување на нашите заробеници напредуваат и продолжуваат цело време“, рече советникот за национална безбедност на Израел, Тачи Ханегби во соопштението објавено од кабинетот на премиерот.

Агонијата на семејствата на заробените Израелци продолжува

„Почетокот на ослободувањето ќе се реализира според првичниот договор меѓу страните, но не пред петок“, рече Ханегби.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху не спомна потенцијално одложување во спроведувањето на договорот за време на прес-конференцијата доцна во средата. Изјавата на Ханегби беше објавена еден час по прес-конференцијата.
Првото примирје во речиси седумнеделната војна, постигнато со посредство на Катар, беше поздравено ширум светот како знак на напредок кој може да ги олесни страдањата на цивилите во Газа под израелска опсада и да врати повеќе израелски затвореници дома. Арапските министри го пофалија договорот, но рекоа дека тој треба да стане прв чекор кон целосен прекин на огнот.

Израел наведе дека прекинот на огнот може дополнително да се продолжи доколку се ослободат повеќе заложници, а палестински извор рече дека дури 100 заложници би можеле да бидат ослободени до крајот на месецот.