1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Англија во целосен карантин – болниците пред колапс

ЖА / агенции
5 јануари 2021

Поради ширењето на мутираниот коронавирус, британскиот премиер Борис Џонсон најави шестнеделен целосен локдаун за цела Англија, кој стапува во сила од утре. И Шкотска најави нови рестрикции.

https://p.dw.com/p/3nW5O
England | Coronavirus | TV Ansprache Boris Johnson
Фотографија: AP Photo/picture alliance

Во Англија од утре училиштата ќе бидат затворени, а се воведува и ново ограничување на движењето на граѓаните, како што најави британскиот премиер Борис Џонсон во синоќешното телевизиско обраќање. 56 милиони Англичани ќе смеат да ги напуштаат своите домови само во неопходен случај, за одење на работа, купување или лекарски термин. Сите кои можат, треба да работат од одма. Строгите мерки имаат важност до средината на февруари.

Во Велика Британија моментно се распространува мутација на коронавирусот, која според првичните сознанија е значително позаразна од вирусот во неговата досегашна форма.

Околу 44 милиони Англичани се наоѓаат веќе во тврд локдаун, со оглед што во нивиот регион е прогласена опасност од коронавирус од највисок степен. Сега ограничувањата се прошируваат на цела Англија. 

„Јасно е дека мора да преземеме нешто повеќе за да ја ставиме под контрола новата варијанта, додека вакцините да бидат распределени“, истакна Џонсон синоќа.

Со преку 75.000 жртви од коронавирусот, Велика Британија е рангирана во најпогодените земји во светот. Во последниот период дневно се инфицираат преку 50.000 луѓе со мутираниот коронавирус. Околу 27.000 од заразените се наоѓаат во болници. Одделенијата за интензивна нега во многу болници, посебно во Лондон се на работ на колапс. Во дел лондонски клиники пациентите привремено се сместувани во ходници додека да се ослободи кревет.

Владата во Лондон во борбата против коронавирусот сега се потпира на кампањата за брза вакцинација. Вчера Велика Британија беше прва земја во светот која започна да ја користи т.н. Оксфорд вакцина на британско-шведскиот концернАстраЗенека. Од 8 декември досега се вакцинирани веќе повеќе од еден милион Британци со вакцината на германската фирма Бионтек и американскиот партнер Фајзер.

Џонсон наведе за цел до средината на февруари да бидат вакцинирани сите ризични групи население. Но, дотогаш граѓаните мора да останат дома заради растоварување на здравствениот систем и спасување животи, како што нагласи премиерот.

Кратко пред обраќањето на Џонсон, и шкотската премиерка Никола Старџен најави целосен локдаун до крајот на јануари. Од денеска важат драстични ограничувања на движењето за граѓаните, кои своите домови смеат да ги напуштаат само доколку имаат неодложна потреба. Мерките се споредливи со оние кои беа воведени во март, но ситуацијата сега е повознемирувачка, се констатира вртоглав раст на инфекциите, истакна премиерката, а речиси половина од новите случаи во Шкотска се должат на мутираниот коронавирус.