Балканот завиен во смртоносна магла
18 јануари 2020Валканите испарувања од греењето, автомобилите и електраните се мешаат со ладната влажна магла“, пишува Тагесшау, порталот на јавниот сервис АРД, додавајќи дека во петокот поради тоа беа одржани протести во Белград.
„Проблеми со загадениот воздух во зима имаат и други големи градови на Балкан, првенствено метрополите во котлините како Скопје во Северна Македонија и Сараево во БиХ“, додава порталот. Се потсетува дека според истражувањата на програмата на ОН за животна средина, очајниот квалитет на воздухот е одговорен за 5.000 смртни случаи годишно во 19 големи балкански градови во кои е спроведено истражувањето.
Повеќе:
На Балканот почна „сезоната на гушење“
Скопје без смог - тоа сега е незамисливо
Австрискиот портал Денес пишува дека за загадувањето не се виновни само сообраќајот и електраните, туку и тоа што околу 60 проценти од населението и натаму се греат со јаглен и дрва. Според апликацијата „Air Visual", градови како Белград, Скопје и Сараево спаѓаат меѓу десет најзагадени на светот. Порталот ја пренесува изјавата на механичарот Трајан Несторовски, кој живее во предградие на Скопје и како и останатите се грее на дрва: „Знам дека е штетно за животната средина, па не сум идиот. Но, би било проклето скапо да ја загревам куќата на електрична струја.“
Еуроњус на германски јазик ја цитира Алиса Касумановиќ од Сараево: „Децата сега се на распуст, но ги нема на игралишта или на улица. Присилени се одморот да го поминуваат затворени дома.“
Швајцарскиот весник Ноје цирхер цајтунг пренесува дека во Белград беа одржани протести, а претседателот Александар Вучиќ „го минимизира проблемот. Тој изјави дека загадување постои, но постојат и кампањи за ширење паника, која понекогаш е гротескна.“