1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Балканските држави во вителот на грчката криза

Wirtschaftswoche, web.de4 јули 2015

Германските медиуми пишуваат за загриженоста на Берлин за Балканот каде грчката криза може да поттикне нестабилност. Во регионот сѐ уште не е решен спор за името Македонија и сѐ поголема е заканата од Исламската држава.

https://p.dw.com/p/1Fsfb
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Messinis

Територијални спорови, меѓунационални судири, парламенти кои не функционираат и сиромаштија- државите од Балканот и онака имаат многу проблеми. Сега сите со загриженост гледаат на можниот банкрот на Грција, пишуваат германските медиуми

Грчите банки играат значајна улога во регионот. Во Србија тие изнесуваат 15 насто од банкарскиот сектор, во Романија 18, во Македонија 20, во Бугарија 30, а во Албанија дури 32 проценти. Весникот „Виртшафтсвохе“ (превод: „Економска недела“ ) пренесува дека поради тоа постои загриженост дури и во Берлин:

„Во Берлин постои се’ поголема загриженост оти во целиот регион на Балканот, поради кризата во Грција, би можело да стане уште понестабилно. Се’ уште постои спорот меѓу Атина и Скопје поради името Македонија околу што во двете држави трае и жестока внатрешнополитичка расправа. Тајните служби истовремено предупредуваат дека радикалната милиција Исламска држава во изминатите месеци масивно се обидува да се етаблира во државите со муслиманско население, како Босна и Херцеговина, Македонија или Албанија. Колапсот во соседна Грција само ќе поттикне нестабилност во целиот регион“ пишува „Виртшафтсвохе“.

На интернет порталот web.de има опширен текст за влијанието на кризата во Грција врз државите на Балканот. „Без паника, се’ е под контрола“, тврдат политичарите во регионот. Сепак, причини за загриженост има, пренесува овој портал:

„Централните банки во овие држави преземаа посебни мерки на надзор над филијалите на грчките банки. Во Србија тие смеат да им префрлат само мали суми капитал на нивните концерни-мајки, пренесуваат српските медиуми. Регионалните банки, меѓутоа, би можеле да се најдат во проблеми. 'Проблем би можел да настане ако луѓето почнат да ги подигаат своите штедни влогови', предупредува премиерот на Бугарија Боико Борисов. За да се спречи тоа, директорот на Пиреус банката во Србија, Неоклис Неоклеус наведува дека таа во Србија функционира како независен правен субјект и оти е регистрирана како домашна банка со странски капитал. Грчките инвестиции во Србија изнесуваат околи 2 милијарди евра. Грчките фирми вработуваат околку 25.000 работници. Во Македонија целата рафинерија во близината на Скопје е во рацете на грчки сопственици. Во Албанија грчките фирми се најважни инвеститори.

Frankreich Proteste in Paris für Griechenland
Фотографија: L. Venance/AFP/Getty Images

Поради тоа многу граѓани, политичари и медиуми на Балканот со внимание ги следат преговорите на Грција со кредиторите и подготовките за референдумот во Грција. Притоа симпатиите се јасно на страната на владата во Атина. Со воодушевување се регистрира како Давид му се спротиставува на Голијат. Политичарите и медиумите на Балканот отворено изразуваат исфрустрираност поради „постојаното поставување нови услови и уцени“ од страна на официјален Брисел. Притоа многу се зборува за чест, патриотизам и историја“, пренесува германскиот интернет портал web.de.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема