1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Вирусите може да се победат

СН/дв
5 март 2020

Додека светот стравува и се справува со новиот коронавирус, здравствените власти во Демократска Република Конго прогласија крај на еболата во земјата.

https://p.dw.com/p/3Yu5d

Од Центарот за лекување на еболата во градот Бени, вчера (04.03.2020) официјално беше отпуштена и последната пациентка од евола. Светската здравствена организација меѓутоа предупредува дека е прогласувањето на крај на вирусната појава е прерано. Тоа може да биде направена само доколку не биде пријавен ниту една нова инфекција во 42 денови, соопшти СЗО. Сепак здравствените власти во ДР Конго со славје и танцување го одбележаа отпуштањето на последниот пациент од ебола, која се појави во земјата во средината на 2018 година. Оттогаш наваму од смртоносниот вирус беа инфицирани повеќе од 3400 луѓе а преку 2000 починаа.

Повеќе:

-Коронавирусот „се крие“ и во тоалети и спални соби

-Итна помош од Светска Банка за борбата против коронавирусот

-Коронавирусот се шири низ Германија

Инаку, досега Африка е поштедена од масовна појава на новиот коронавирус. На целиот континент впрочем пријавени се само околу 20 случаи на заразени.