1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирусот се шири низ Германија

СН/агенции
3 март 2020

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија се искачи на 188. 13 од вкупно 16 германски покраини сега имаат пријавено инфекции.

https://p.dw.com/p/3YnA6
Deutschland Husum | Coronavirus | Krankenhaus - Zelt & Befragung
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Molter

Коронавирусот се прошири и во други сојузни покраини во Германија. Први инфекции се забележани и во Саксонија, Тирингија и Бранденбург, што значи дека сега се засегнати 13 сојузни покраини, соопшти институтот Роберт Кох (РКИ).

До вторник наутро, бројот на лица заразени од коронавирусот во Германија изнесува 188, 31 повеќе отколку што беше објавено во понеделникот попладне.

Бројот на инфекции речиси трикратно се зголеми во текот на викендот. Најголем раст на заразени е забележан  во покраините Северна Рајна Вестфалија и во Баварија.

Повеќе:

-Коронавирус: Панично купување во германските маркети

-Како ќе се справува Германија со коронавирусот?

-Колкава е заканата од коронавирусот во Европа?

Во Северна Рајна Вестфалија има и најмногу случаи. „Мора да се очекуваат повеќе случаи, синџири на инфекции и жаришта во Германија“, рече потпретседателот на РКИ, Ларс Шаде. Ризикот за населението во Германија во моментов сè уште се оценува како „умерен“. Во Германија досега нема смртни случаи меѓу заразените од коронавирусот. Министерот за здравство Јенс Шпан најави владина изјава за коронавирусот за текот на утрешниот ден. 

Појавата на коронавирусот ги менува социјалните навики и обичаи во земјата дури и на највисоко ниво. Уверете се во следново видео: 

И Меркел не доби рака од министерот Зехофер

Според РКИ, 90.900 случаи на заразени со новиот вирус се регистрирани ширум светот, најголем дел од нив со околу 80.280 во Кина. Динамиката на новите инфекции се` повеќе се преместува од Кина во остатокот на светот, рече Шаде. Првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејезус изјави дека во последните часа пријавени се речиси осумпати  повеќе случаи надвор од Кина отколку во самата Народна Република. Ризикот од ширење на коронавирусот ширум светот сега е многу голем.  Тој беше најзагрижен за ширењето на вирусот во Јужна Кореја, Италија, Иран и во Јапонија. Јужна Кореја со повеќе од 4800 случаи на заболени е земја која по Кина е најпогодена од епидемијата. До денес, повеќе од 3.100 луѓе ширум светот починале од респираторна болест.