1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отказ за шефицата на службата за миграција

СН/ агенции
16 јуни 2018

Во аферата околу германската сојузна служба за миграција и бегалци дојде до персонални консеквенци на највисоко ниво. Шефицата на службата Јута Корд мора да си замине од функцијата.

https://p.dw.com/p/2zfjE
Deutschland - Seehofer entlässt Bamf-Chefin Cordt
Фотографија: Reuters/H. Hanschke

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер  ја отпушти Јута Корд, шефица на сојузната служба за миграција и бегалци (БАМФ), поради скандалот со наводните нерегуларни издадени одобренија за азил за илјадници мигранти во земјата.

Корд, која ја презеде оваа агенција на почетокот на 2017 година, доби отказ поради аферата во канцеларијата на федералната служба за мигранти во Бремен, на која министерот Зехофер ѝ го одзеде правото да доделува азил. Германија во 2015 и во 2016 годија прими над еден милион бегалци главно од Сирија, Ирак и од Авганистан, така што властите во тој период беа затрупани со барања за азил.

Повеќе на темата:

-Скандалот со азилантите ја стигна и Меркел

-Расчистување на азил-скандалот без хистерија

-Дали во Германија се добивал азил за илјада евра?!

Berlin, Bundeskanzlerin Angela Merkel (CDU) spricht mit Horst Seehofer (CSU)
Хорст Зехофер и Ангела МеркелФотографија: picture-alliance/dpa/M.Kappeler

Овој скандал во кој е вмешана агенцијата нема врска со расправата меѓу канцеларката Ангела Меркел и министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер за политиката кон мигратнтите. Несогласувањата во германската влада околу бегалците растат во последните денови поради што се поставува и прашањето за опстанување на Меркел на чело на владата, додека националистичките сили во другите европски земји сѐ посилно се противат на нејзината политика за приемот на мигранти.