1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од февруари лотарија за термини за визи за Германија

ДТЗ
9 декември 2021

Германската амбасадорка во Северна Македонија Анке Холштајн објави дека ќе се подобри системот за доделување термини за т.н. визи за Западен Балкан.

https://p.dw.com/p/441n0
Symbolfoto Visum
Фотографија: imago images/blickwinkel

Германската амбасадорка во Северна Македонија, Анке Холштајн, објави дека од февруари Амбасадата ќе го подобри системот за доделување термини за т.н. визи за Западен Балкан.

„Поради Вашите многубројни реакции и сè уште многу големиот интерес за термини за поднесување на барање за виза, од февруари 2022 г. секој месец ќе се применува постапка на лотарија. За таа намена, во февруари за првпат ќе се отвори нов список за регистрирање, кој ќе биде неприкинато отворен за подолг период (најверојатно за околу две недели)“, објави Холштајн на Фејсбук. 

Потоа, по случаен избор, со помош на компјутерски управуван генератор во лотариска постапка, од сите регистрации ќе се извлечат оние, на кои ќе им се додели термин за месец март 2022 година. Поопширни информации можат да се најдат на веб-страницата https://skopje.diplo.de/mk-mk/-/2493044.  

„Чекањето на визата за Германија е најтешко“

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема