1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Дали Грција е безбедна за новинарите?

СН/агенции
10 април 2021

Убиствата на новинари се ретки во Грција. Дотолку поголем затоа е шокот во домашната, но, и во меѓународната јавност по убиството од заседа на познатиот новинар и блогер Јоргос Караиваз.

https://p.dw.com/p/3roM4
Griechenland Griechischer Kriminaljournalist Giorgos Karaivaz wurde ermordet
Фотографија: Costas Baltas/REUTERS

„Убиството на новинари е гнасен и кукавички чин“, напиша на Твитер претседателката на Европската комисија. „Европа се залага за слобода. А слободата на медиумите е можеби најсвета од сѐ“, порача Урсула фон дер Лајен во реакцијата на убиството на грчкиот новинар. 

Јоргос Караиваз беше убиен пред својот дом во Атина преку ден, додека се враќал дома од работа. Караиваз работеше како репортер во областа за криминал на ТВ мрежата Стар. Познат е по своите извествувања за грчката полиција и за криминал. Тој уредуваше и интернет блог кој известува за овие теми.

Според наводите, двајца мажи на моторцикл, од кои еден бил во војничка облека, пукале во Караваиз најмалку шестпати додека новинарот излегувал од својот автомобил пред својот дом. Проценето е дека на местото на убиството се пронајдени 17 до 20 чаури, а деталите укажуваат оти убиците користеле пригушувач бидејќи соседите не ги слушнале истрелите. 

Griechenland Griechischer Kriminaljournalist Giorgos Karaivaz wurde ermordet
Фотографија: Costas Baltas/REUTERS

Приватната телевизија Стар за која работеше Караваиз објави дека на новинарот му пришле двајца мажи на моторцикл и пукале во него.

Грчките власти го осудија убиството и соопштија дека истрагата е во тек. 

Повеќе:

-Новинар на Дојче веле претепан на собир на Златна зора во Атина

-Насилството на десните екстремисти во Грција не запира

-Репортери без граници: Повеќе целно убиени новинари

И претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Тереза Рибеиро, меѓу другите, изрази шок поради убиството на новинарот Јоргос Караиваз кое се случи во Атина. „Новинарите би требало секогаш безбедно да ја извршуваат својата работа.

„Барам од грчките власти брзо да ги идентификуваат и да ги уапсат одговорните и јасно да го утврдат мотивот за овој страшен напад“, е наведено во соопштението на ОБСЕ.

Griechenland Athen | Mord an Giorgos Karaivaz, Journalist | Tatort
Фотографија: Giannis Panagopoulos/ANE/Eurokinissi/picture alliance

Комесарката на Советот на Европа за човекови права, Дуња Мијатовиќ, ги повика властите итно и целосно да го истражат злосторството испита и да осигураат дека одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата. На Твитер таа напиша дека убиството Караиваз е трагичен потсетник оти новинарството е опасна професија во Европа.

Редакциите на грчките медиуми често се цел на напади на вандали, но убиствата на новинари се релативно ретки во Грција.

Во јули сопственикот на таблоид Стефанос Киос преживеа по нападот од непознат напаѓач кој му пукал во вратот и во градите пред неговиот стан. Истрагата за овој случај е и натаму во тек. Менаџерот на радио, блогер и истражувачки новинар Сократис Гиолиас во 2010 година беше убиен пред својата куќа. Во тоа време наводно работел на една приказна за корупција. Одговорност за ова убиство презеде една левичарска група, но случајот никогаш не е решен.