1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Колку родители би си ги вакцинирале децата против Ковид?

Конор Дилон
6 мај 2021

Првичните анализи покажуваат дека постои голема подготвеност кај родителите. Но, мора да се земе предвид и дека е многу тешко да се носи здравствена одлука за други, поради што понекогаш се избира да не се презема ништо.

https://p.dw.com/p/3t1g1
Brasilien Impfung gegen Gelbfieber
Фотографија: Fabio Teixeira/AA/picture alliance

„Моето дете не е лабораториски глушец“ - ова се зборови на 25-годишната Сузан и се однесуваат на нејзините тригодишни близначки. Додека разговараме, таа постојано ги следи со очите додека двете трчаат во различни насоки во големиот парк во Бон.

„Вакцината сѐ уште не е доволно тестирана“, категорична е Сузан. „Само неколку месеци (н.з тестирање). Тоа не е безбедно“, додава таа.

Нејзиниот одговор е „не“ – нејзините деца нема да се вакцинираат против Ковид-19. Ниту таа не сака да се вакцинира. Нејзиниот сопруг морал да прими вакцина поради работата, што воопшто не ѝ се допаѓа.

На блиското игралиште една друга мајка која сака да остане анонимна има сосема поинаков став. „Јас би ги вакцинирала доколку се дозволи. Дефинитивно!“

Во класот на нејзината 12-годишна ќерка изминатиот период две дечиња заболеле од Ковид-19, поради што двапати сите морале да седат во двонеделен карантин. „Во таквите моменти сфаќаш дека и децата се засегнати.“

Се очекува во следните недели Европската агенција за лекови, ЕМА, да ја одобри вакцината на Фајзер/Бионтек за деца од 12 до 15 години. Потоа, доколку тестирањата се успешни, кон почетокот на летото се очекува да биде одобрена и за деца под 12 години. Но останува прашањето – дали родителите би ги вакцинирале децата?

Повеќе:

Бионтек и Фајзер бараат дозвола за вакцинирање деца постари од 12 години

15 деца се лекуваат од Ковид-19 на Детската клиника

Бионтек ќе бара дозвола за вакцина за деца постари од 12 години

Голема одлука

Актуелните достапни податоци се од тековната анализа на Ковид-19 мерките и подготвеноста за вакцинирање кое го спроведуваат различни германски здравствени агенции, Универзитетот Ерфурт и Јеил Институтот за глобално здравје од САД.

Сара Ајце, истражувач на Универзитетот Ерфурт за ДВ вели дека според нивните последни податоци од родители (заклучно со крај на февруари), 50% би се одлучиле да ги вакцинираат своите деца. Интересно е тоа што кога им се споменува идејата за имунитет на стадо (наспроти строгиот личен интерес за заштита на нивните деца), се забележува зголемено ниво на прифаќање.

„Одлуката во голема мера зависи од можноста и другите да се заштитат со вакцината,“ вели Ајце. „Прифаќањето за вакцинирање се зголеми над 70% кога на учесниците им беше кажано да си замислат дека вакцината ќе штити од ширење на вирусот.“

Овој процент сега може да биде и поголем со оглед на тоа дека оваа анкета е правена пред Фајзер да ги објави одличните резултати (кои треба да бидат и независно потврдени) од тестирањата во третата фаза, на деца помеѓу 12 и 15 години. Овие тестирања покажаа дека ниту едно од речиси 1000 деца кои добија вакцина од Фајзер/Бионтек не развија симптоми на Ковид-19. Буквално ниту едно.

Иако примерокот е мал, сепак е доволно голем за да може да се направи споредба со невакцинираната група, каде 18 од 1000 деца учесници се разболеа од Ковид-19.

Coronavirus Selbsttest an Berliner Schule
Во региони со висока стапка на зараза, учениците во Германија засега прават антигенски тестови за да присуствуваат на наставаФотографија: Jörg Carstensen/dpa/picture alliance

Мнозинството Германци се за вакцинација

Неколку различни аспекти произлегоа од истражувањето на Хајди Ларсон, која е директор на проектот за Доверба во вакцини и професор на Лондонската школа за Хигиена и Тропска медицина

Секои две години, тимот на Ларсон собира податоци за ЕУ и меѓу другото таму има информации и за подготвеноста на родителите да ги имунизираат децата со ММР вакцината (против сипаници, заушки, рубеола, која се дава помеѓу една и шест години) и ХПВ вакцината (против папилома вирус, која се дава помеѓу 11 и 12 години).

Овие податоци, вели таа за ДВ, „ја отсликуваат генерално подготвеноста на возрасните да ги вакцинираат своите деца“, поради што може да послужат и како индикатор за подготвеноста на родителите да ги вакцинираат децата и со вакцина против Ковид-19.

Инаку, нивните анкети покажале дека околу 91% од Германците сметаат дека ММР вакцината е безбедна и важна за нивните деца, додека 77% имаат исто таков позитивен став кон ХПВ вакцината. Сѐ на сѐ добри вести.

Цела година во комплетна изолација

Не се сите вакцини исти

Или не? Анализите покажуваат јасна разлика во однос на поддршката кога се зборува за „подготвеноста за вакцинирање деца“ и тоа зависи за која вакцина се работи или поточно од „ризикот“ кој родителите сакаат да го избегнат со вакцинирање на децата наспроти ризикот (перцепиран или реален) од самата вакцина.

(Забелешка: додека е пишуван текстов, немало регистрирани несакани нуспојави кај адолесцентите кои ја примиле вакцината на Фајзер/Бионтек, според компанијата и според независни изјави од израелското Министерство за здравство).

Deutschland Basketball- und Spielplatz in der Bonner Rheinaue
Се очекува во следните недели Европската агенција за лекови, ЕМА, да ја одобри вакцината на Фајзер/Бионтек за деца од 12 до 15 годиниФотографија: Conor Dillon/DW

Второ, анкетата како оваа, спроведена во рамки на проектот, што ги вклучува ставовите и на мајките и на татковците, може да не ја долови вистинската слика за подготвеноста на родителите дали ќе ги вакцинираат или не своите деца. Според американската истражувачка Џенифер Рејч, која ги анализира американските антиваксерски движења, тоа е така бидејќи оваа одлука претежно ја носат мајките.

Кој го има последниот збор во однос на Ковид-19?

Едно истражување спроведено во декември од американскиот магазин „Нешнал Географик“ покажува многу голем јаз помеѓу половите кога станува збор за вакцината против корона. Во тоа време 69% од мажите Американци рекле дека се подготвени да примат вакцина во споредба со 51% жени, што е голема разлика. Во Германија исто така има разлики во однос на вакцините помеѓу мажите и жените, но таа не е толку изразена.

Според Хајди Ларсон, ова се должи два фактора: жените согледуваат дека овој вирус е помалку ризичен за нив во споредба со мажите и второ - напливот на дезинформации. Ларсон во интервју за ДВ додава и дека генерално жените многу повеќе читаат информации поврзани со вакцините во споредба со мажите, бидејќи мајките во принцип повеќе од татковците сакаат да дознаат што повеќе податоци за вакцините со кои би ги вакцинирале децата.

„Во таа потрагатпо што повеќе информации тие читаат и мноштво дезинформации на социјалните мрежи кои се негативни и неточни, што им влијаат во голема мера“, заклучува Ларсон.

Symbolbild | Mutterschaft
Мислењето од кој родител е навистина одлучувачко за вакцинација на детето?Фотографија: Monkey Business 2/Shotshop/picture alliance

Полесно е да не се преземе ништо

Според Сара Ајце голема улога има и последната психолошка пречка која е позната со децении.

„При носење здравствена одлука за други во суштина сме повеќе склони кон пресметување ризици“, вели таа за ДВ. „Секогаш кога носиме одлуки за други луѓе, многу повеќе ги одмеруваме придобивките и ризиците и се обидуваме што е можно повеќе да го намалиме ризикот. Особено при носење превентивни одлуки, како вакцинација, споредбено со одлуки за лечење“, вели Ајце.

Со други зборови, ако се решам да си го вакцинирам детето и ако со тоа му предизвикам некаква нелагодност или проблем, тогаш тоа е моја вина. Но ако не сторам ништо и се зарази? Или тогаш е можеби само судбина?

(На пример, јас сум татко на две деца и сакам да ги вакцинирам според податоците кои ни се досега достапни. Но, би ве лажел ако кажам дека немам страв некаде длабоко во мене да не донесам погрешна одлука)

Оваа „вградена“ поставка во човечката психологија подразбира дека и покрај „подготвеноста“ изразена при истражувањата, работите во пракса, особено кога ќе дојде терминот за вакцинација, може да бидат поинакви.

#dw_BalkanBooster: Нема дружби, нема излегување...

Бројките постојано се менуваат

Колку Германци би ги вакцинирале своите деца? Според моите проценки, веројатно тоа е некаде меѓу 50% и 60%. Ова се должи на претпоставката дека околу 50% од родителите во Германија кои изразиле „подготвеност“ да си ги вакцинираат децата нема да го сторат тоа, или поради „тенденцијата дека е сепак подобро да не се презема ништо“ или поради фактот дека мајките се оние кои претежно носат здравствени одлуки за децата, а тие имаат помала поддршка за Ковид вакцините споредено со мажите.

Но, исто така се претпоставува дека околу 18% од родителите кои рекле дека се „неодлучни“ (или барем биле неодлучни до февруари) ќе влијаат врз процентот.

Очигледно, овие бројки би се намалиле доколку има негативни податоци во однос на вакцината кај децата во иднина, или би се зголемиле ако има нови регулативи во однос на одење во градинка, на училиште, во авион, ресторани и продавници.

Што мислат децата и тинејџерите?

На игралиштето во Бон мајката на едно прилично гласно едногодишно детенце ги сумира причините за нејзината мотивација за вакцинирање. „Не би се плашеле да излегуваме“, вели таа за ДВ и додава: „Не би се плашеле да ги посетуваме баба и дедо. Ако е вакциниран малиот повторно ќе имаме нормален живот."

Кога врескањето на детето ѝ го прекинува текот на мислата, таа се шегува и вели дека е време за ручек, но....можеби и тој всушност дава поддршка? Можеби и тој е за вакцинација?

Дали навистина би бил? Интересно прашање. Покрај сета дискусија со родителите, како ли размислуваат децата и адолесцентите по ова прашање? На излегување од паркот прашувам еден 13 -годишник кој тргнал да игра кошарка искрено да ми каже дали сака да се вакцинира кога би можел самиот да решава за тоа?

„Да“, вели. „Бидејќи секако сакам да придонесам да се сузбие вирусот и пандемијата." Го користи глаголот „eindämmen", односно „сузбива“. Голем збор за 13-годишно момче. А, можеби и сите ние имаме проширен вокабулар сега. Прашувам дали е исплашен од вакцината и што содржи?

„Не. Прават многу тестови“, одговара самоуверено.