1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Договорени први повлекувања на трупи во Јемен

СН/ агенции
18 февруари 2019

Тоа би можело значително да го подобри снабдувањето со храна на гладните луѓе во граѓанската војна: владата во Јемен и бунтовниците Хути се согласија за повлекување на трупи од важни пристанишни градови.

https://p.dw.com/p/3DZIC
Jemen Hafenstadt Hudaida ARCHIV
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Al-Ansi

Со посредство на ОН, владата на Јемен и шиитските бунтовници Хути постигнаа договор за повлекување на борците од градот Ходеида на западот на земјата, како и други два пристанишни града Салиф и Рас Иса, соопштија доцна ноќеска претставници на ОН.

Во првата фаза од договорот бунтовниците Хути треба да се повлечат од пристаништата, а војниците на коалицијата предводена од Саудиска Арабија за возврат да ги напуштат источните приградски населби на Ходеида. Преку пристаништата треба да биде доставен најголем дел од помошта за гладните луѓе во земјата.

Повеќе:

-Во Јемен умираат од глад, светот немо гледа

-Јемен: Војна, смрт и глад

Инаку, првите повлекувања на трупи од  Ходеида требаа да започнат две недели по почетокот на прекинот на огнот на 18 декември минатата година. Иако примирјето генерално се почитува, постојат доцнења во примената на договорените мерки како што се повлекување на борците и размена на затвореници.

Jemen Hafenstadt Hudaida ARCHIV
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Mohammed

Ходеида е главно пристаниште во Јемен преку кое доаѓа хуманитарна помош.

Во јеменскиот конфликт шиитските бунтовници кои го поддржуваат Иран, војуваат против меѓународно признатата влада на Јемен, која има поддршка од арапската коалиција на чело со Саудиска Арабија.

Конфлитите во Јемен започнаа во 2014 година, кога Хутите зазедоа поголем дел од земјата, а насилството ескалираше во 2015 година кога Ријад со своите сунитски сојузници се вмеша во војната.

Над 10.000 луѓе загинаа, а милиони се раселени во оваа војна која доведе до тешко разорување на најсиромашната земја во арапскиот свет.