Доживотен затвор за Радован Караџиќ
20 март 2019Данскиот судија Ван Јонсен рече дека Радован Караџиќ е виновен за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војување. Јонсен рече дека се работи за злосторства од невидени размери и бруталност. Судијата нагласи дека речиси сите точки од првостепената пресуда се потврдени. Првостепената казна од 40 години затвор, со денешната одлука се заменува со казна доживотен затвор.
Караџиќ и неговиот адвокат Питер Робинсон поднесоа жалби по шест основи.
Жалбениот совет ги одби сите наводи на обвинетиот кои се однесуваат за геноцидот во Сребреница. Судијата Јонсен рече дека Караџиќ не покажал дека Првостепениот совет погрешил кога се повикал на Директивата 7, која Караџиќ ја потпиша и во која наредил да се создадат „неподносливи услови без надеж за натамошен опстанок“.
Жалбениот совет ја офрли и жалбата на обвинителството кое бараше Караџиќ да се осуди за геноцид сторен во 1992 година на територијата на БиХ. Судот оцени дека обвинителството немало доволно докази за ова злосторство. Со тоа Караџиќ е ослободен по точката која го товареше за геноцид сторен во седум општини во БиХ во текот на 1992 година.