ЕУ: Ново продолжение на маратонскиот самит
20 јули 2020Вонредниот самит на Европската унија за пакетот помош за ублажување на економските последици од пандемијата влезе во ново продолжение. Разговорите беа прекинати рано изутринава и се планира да продолжат во 16:00 часот попладне. Ова го објави портпаролот на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел на Твитер. Со тоа состанокот на 27-те шефови на држави или на влади веќе трае два дена подолго од планираното.
Претходно, лидерите на земјите од ЕУ - по шестчасовна пауза - повторно се состанаа накратко во голема рунда. Првиот човек на Советот на ЕУ Мишел ги прекина закочените преговори непосредно пред полноќ.
Во наредните часови канцеларката Ангела Меркел и останатите шефови на држави или на влади продолжија со дискусии во помали групи. Главната спорна точка и натаму е прашањето колку финансиска помош од планираниот пакет за помош во корона-кризата може да биде доделени на државите од ЕУ.
Повеќе:
-Самит на ЕУ: Новата дарежливост на Германија во корона-кризата
-ЕУ: Покерот за корона милијардите одложен за јули
-„Штедливите“ контра Меркел и Макрон
Во меѓувреме е сигурно дека волуменот на планираната конјунктурна и инвестициска програма ќе биде значително помал отколку што сакаа германската канцеларка АнгелаМеркел и францускиот претседател Емануел Макрон.
Наместо дотации во износ од 500 милијарди евра, на почетокот на четвртиот ден на самитот се зборува само за 350 до 400 милијарди евра. Шефовите на владите на Австрија, Холандија, Шведска, Данска и на Финска не се подготвени да направат дополнителни компромиси.
Тие се нето-плаќачи во ЕУ кои претпочитаат да не се доделува неповрана финансиска помош за земји како Италија или Шпанија, туку кредити, кои мора да се отплатат.