1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Загинати во пожарите на северот од Атина

СН/агенции
7 август 2021

Катастрофалните шумски пожари во јужна Европа сега ги зедоа и првите жртви во Грција. Ситуацијата станува критична. Променливите ветрови постојано ги разгоруваат пламените.

https://p.dw.com/p/3yfqA
Griechenland Waldbrände 2021
Фотографија: Petros Karadjias/AP/picture alliance

Две лица загинаа, 20 се повредени, а шест области се ставени во состојба на готовност поради неконтролираните пожари кои се проширија во Грција.

Огромни облаци од чад и денеска се надвиснати над северните предградија на Атина, каде се повикуваат луѓето да ги напуштат своите домови, а 38-годишен маж, доброволен пожарникар, загина вчера од повредите кои ги здобил поради падот од комунален столб во предградието на Атина.

Втората жртва е претседателот на Економската комора на Атина, Константинос Михалос, кој е пронајден без свест во една фабрика.

Уште најмалку 20 лица, вклучувајќи и четворица пожарникари, се хоспитализирани поради повреди, а двајца од нив се наоѓаат на интензивна нега во Атина, додека други двајца здобиле полесни изгореници.

Пожарникарите во моментов се борат со 154 пожари ширум земјата кои се разгорија поради променливите ветрови, а најлошите се околу северна Атина.

Повеќе:

-Грција: „Во иднина ќе има почесто и посилни пожари“

-Фотографија на денот: Да се спаси барем нешто пред налетот на огнот

-Пожарите- закана за антички локалитети во Грција

Пожарите беснеат и на блискиот остров Евија и на подрачјата во близината на Олимпија. Повеќе налози се издадени за евакуација на населението за десетина села на копно и на Евија, како и за населбите на периферијата на Атина, во кои огнот уништи шуми и куќи во насока на езерото Маратон, најважниот резервоар за вода во главниот град.

Променливите ветрови вчера попладнето предизвикаа пожарите надвор од Атина и на Евија повеќепати да ја променат насоката, во некои случаи враќајќи закани за подрачјата кои за малку избегнаа уништување на почетокот на неделата.

На Евија крајбрежната стража преку ноќ вчера изведе голема операција за евакуирање на стотина жители и туристи преку море, користејќи патролни чамци, рибарски бродови и други пловила.

Новата евакуација преку море е издадена вчера доцна вечерта за селото Лимини, кое претходно беше поштедено од пожар, и таму жителите беа повикани да тргнат кон пистаништето за да се евакураат со траект.

Крајбрежната стража соопшти дека 668 лица се евакуирани од плажите на североистокот од Евија до вчера попладне откако пожарот ги пресече сите останати начини за транспорт, а бродот на крајбрежната стража, исто така, спаси уште 10 лица заробени на плажа поради втор пожар во близината на градот Гито во јужен Пелопонез.

Грчките и европските претставници наведуваат дека климатските промени се одговорни за пожарите во јужна Европа, од јужна Италија до земјите до Балканот, како С. Македонија, Грција и Турција. Во Грција трае најдолгиот топлотен бран во последните три децении, со температури кои се искачија на 45 Целзиусови степени, иако вчера беше малку посвежо.