1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Масло само на лажиче

ДТЗ
14 април 2022

Ограничувањето ќе трае до 31 мај. Причината за ваквата мерка е зголемената побарувачка која предизвика празнење на рафтовите во продавниците.

https://p.dw.com/p/49vn4
Spanien Madrid - Verunreinigtes Sonnenblumenöl aus der Ukraine in Spanien entdeckt
Фотографија: Gustavo Cuevas/dpa/picture-alliance

Граѓаните од денеска (14.04) ќе можат да купат маслосамо во ограничено количество. Нема веќе купување цели пакети, односно нема да може да се складираат резерви - сончогледовото масло ќе се купува по едно или неколку шишиња. Одлуката која што ја донесе Министерството за економија ќе важи до 31 мај. Причина за воведувањето на оваа мерка е зголемената побарувачка која предизвика празнење на рафтовите во продавниците.

Ресорното министерство испрати известување до трговците во коешто ги информира за мерката. Во него се наведува дека таа се носи поради значителниот пораст на побарувачката, поради која се нарушува редовното снабдување и со цел да се избегне непотребен недостиг на масло за јадење.

„Во текот на денот ќе биде ограничена продажбата на мала количина во единечно пакување. Се препорачува да не се дозволува продажба на масло за јадење од сончоглед во големи количини, односно количини пакувани во пакети“, соошти министерот за економија, Крешник Бектеши.

Известување до трговците

Министерството за економија во средата (13.04) достави известување до сите трговци, во кое се вели дека за да се одржува тековната состојба на домашниот пазар со масло од сончоглед за јадење во продавниците и да се избегне непотребна појава на недостиг на масло од сончоглед за кај трговците на мало, ограничувањето по купувач ќе важи до 31 мај 2022 година. 

Трговците на мало се должни, кога купувач бара да купи поголеми количества сончогледово масло за јадење во текот на денот, веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат.

-повеќе на темата: Храната е поскапена како никогаш досега

Министерот Бектеши во гостувањето на „Топ тема“ на Телма ТВ кажа дека масло за јадење има доволно и дека граѓаните непотребно купуваат големи количества, поради што е дојдено до оваа ситуација. 

„Побарувачката од страна на купувачите е зголемена повеќе од двапати од просечната, во споредба со минатата година и минатите месеци, што значи дека се купува масло за јадење непотребно. Тоа може да ја влоши состојбата и да влијае и на цените на маслото за јадење“, вели Бектеши.