1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Има ли место за сите на планетата?

31 октомври 2011

Глобалната популација расте побрзо од кога било претходно. Но, дали нашата планета може да издржи седум милијарди луѓе? Некои политичари и експерти ги преиспитуваат нашите сегашни економски и социјални модели.

https://p.dw.com/p/12zEf
Според проценките на ОН, до крајот на месецов на земјата ќе живеат 7 милијарди луѓе, а до 2050-та година 9,1 милијарда луѓеФотографија: ESO/M. Kornmesser

Експертите сакаат да го наречат растот на нашата популација – „експлозија на популацијата“. Во последните 200 години стапките на пораст беа најбрзо растечки во историјата на човештвото. До 2050 година се очекува глобалната популација да достигне до 9,1 милијарда луѓе.

Според ОН, секоја единка се раѓа со неотуѓиви права: право на заштита на достоинството, шраво на вода и храна, образование, здравствена заштита и право на домување. Но, мнозинството од луѓето веројатно можат само да сонуваат за материјалното богатство и благосостојбата, заснована на западниот начин на живот.

Но, дали планетата всушност е во можност да го поддржува тој западен модел? „Типичниот американски или европски начин на живот не е одржлив“, вели Ернст Урлих фон Вајцзекер, германски експерт за животна средина и член на „Советот за индината на светот“. Ако светот продолжи по сегашниот растечки пат, тогаш ќе ни требаат три планети, убеден е тој.

Kinder Taufe in der Ukraine Transkarpatien
Експертот на ОН, Жан Циглер смета дека планетата може да го издржи постојаниот раст, а со нејзините ресурси да се задоволат потребите на 12 милијарди луѓеФотографија: DW

Ограничен раст?

Пред околу 40 години, невладиниот „Римски клуб“ ја објави сега познатата студија „Ограничувања на растот“. Клубот го предизвика поимањето на ограничувањето на популацискиот раст.

Но, експертот на ОН Жан Циглер е убеден дека нашата планета може да поддржи 12 милијарди луѓе. Теориски би требало да има доволно храна да ги нахрани сите нив, вели тој. Како и да е, во пракса ресурсите на храна треба да се разделат на поинаков начин и руралните подрачја и фармерите со мали приноси на Глобалниот Југ треба да се поддржуваат. Соочен со недостаток на ресурси во многу области, светот нема да биде во можност да продолжи како претходно уште многу долго, верува тој.

Ограничени ресурси

Welthungerhilfe Brei
Климатските промени ќе донесат зголемени температури за 4 Целзиусови степени, разорни поплави, а почвата на голем дел од планетата ќе стане неплоднаФотографија: Bretz/Welthungerhilfe

Според предвидувањата на ОН, Индија е подготвена да и го земе местото на Кина, како земја со најголема популација. Во исто време, популациските бројки во индустријализираните земји се намалуваат. Индустриските општества и растечките густо населени нови економии имаат најголеми стапки на трошење на ресурсите, без разлика дали станува збор за вода, почва, фосилни горива или скапоцени метали.

Ралф Фикс од Зелената партија верува дека „фосилната ера“, заснована на користење на фосилни ресурси повеќе не е одржлива. Ниту постоечката енергија, ниту транспортниот систем не може да се репродуцира на глобално ниво, вели тој.

И тогаш, ете ја климатската промена

Има зголемени грижи дека промената во климата може да доведе до зголемени температури од околу четири Целзиусови степени. Ако овие загрижености станат стварност, тогаш според проценките на Развојната програма на ОН околу 300 милиони луѓе ќе се соочат со разурнувачки поплави и ќе бидат принудени да ги напуштат своите домови. Само во Бангладеж веројатно ќе бидат погодени околу 70 милиони луѓе.

Kambodscha Waisenkind in Phnom Penh
Ограничените ресурси, пред се’ водата за пиење, храната и плодните земјишта не се во согласност со сегашните идеи за развој на популацијатаФотографија: AP

Во исто време, мнозинството од светските региони можат наскоро да станат суви и неплодни за да се користат за земјоделие и сточарство, со што ќе се направи дополнителен притисок на глобалните ресурси, водата за пиење, храната и земјиштата.

Ограничените ресурси и климатските промени не се во согласност со сегашните идеи за развој заснован на претпоставките за ограничен раст, вели фон Вајцзекер. Тој ги нарекува таквите претпоставки „апсурдни“ и не очекува ветениот развој да се помогне преку глобалните либерализирани пазари.

Напротив, научниците веруваат дека „финансиската криза од 2008-ма година потврди оти речиси религиозното верување во креативната моќ на пазарите е поразително погрешно. Пазарите можат да создадат огромно количество на штета“.

Раѓање на нова еколошка современост?

Фон Вајцзекер бара делиберализација на пазарите, заедно со минување кон поефикасно користење на ресурсите.

„Она што се обидувам да го кажам е дека ќе треба да вадиме трипати или петпати што е можно повеќе богатство од секој метар од земјиштето, од секој киловат час и од секој кубик метар вода, отколку што правиме сега“, вели тој и додава: „Технолошки тоа навистина е можно“. Тој нагласува дека без сомнение визијата е утопија, но и нов услов.

За еколошката модернизација не се разговара само во рамките на Зелената партија. Оваа дебата се води и во скоро формираната комисија во германскиот парламент, Бундестагот. Работната група составена од повеќе партии наречена „Раст, богатство и квалитет на животот“ има задача да испита како растот и користењето на ресурсите да се раздвојат.

Зелени работни места и социјални политики

Future Now Projekt Pflanzen grüne Gentechnik Bild 1umstrittene Forschung
Експертите сугерираат дека треба да се користат три до петпати повеќе можностите за производство на метар земјаФотографија: Bundesverband Deutscher Pflanzenzüchter e. V.

Создавањето на еколошки работни места за следните генерации е врвен приоритет на Меѓународната организација на трудот. Генералниот директор Хуан Сомавиа неодамна зборуваше во корист на создавањето на економија заснована на креирање работни места и ниски емисии на јаглероден диоксид, заедно со нови политики за животната средина и социјалната сфера.

За сега, како и да е, вниманието и на парламентарците и на политичарите останува цврсто фокусирано на сегашната организациона структурираност на економијата и на тоа како да се излезе на крај со економските кризи.

Во декември членките на ОН се среќаваат во Јужна Африка за следната рунда на преговори за климатските промени. Останува да се види дали благосостојбата на растечката популација е високо на глобалната агенда.

Автор: Улрике Маст Киршних/ Александар Методијев

Редактор: Борис Георгиевски