1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Како Германија ќе се справува со коронавирусот?

СН/агенции
28 февруари 2020

Новиот коронавирус брзо се шири низ Германија. За едно деноноќие бројот на заразени од вирусот САРС-КоВ-2 трикратно се зголеми. Кај преку 30 лица инфекцијата е потврдена, стотици се наоѓаат во карантин.

https://p.dw.com/p/3YZns
Berlin Coronavirus in Deutschland PK Spahn
Фотографија: AFP/T. Schwarz

Бројот на новоинфицирани од коронависурот во Германија во моментов изнесува 32. Најголем дел од нив- 20- се во покраината Северна Рајна Вестфалија, 8 има во покраината Баден Виртемберг, додека по едно заразено лице е регистрирано и во покраините Баварија, Рајнланд Фалц, Хесен и Хамбург.  Во регионот Ханјсберг во Северна Рајна Вестфалија каде што има најголем број заразени, околу 1000 луѓе се наоѓаат во карантин, а како натамошна мерка за претпазливост затворени се училиштата и градинките.

Против коронавирусот во Германија градските и државните власти ги здружија силите и заедно работат на сузбивање на коронавирусот. За разлика од Кина, тука е многу потешко да се стават во карантин цели градови.

Во цел за ефикасна борба против коронавирусот во Германија, владата во Берлин основаше кризен тим. Министерот за здравство, Јенс Шпан во четвртокот во Берлин изјави: „Тоа покажува дека сериозно го сфаќаме избивањето на вирусот и реагираме на новата ситуација во која се наоѓа Германија, Европа и целиот свет“. Шпан во средата, по избивањето на нови случаи на инфекција, рече оти Германија се наоѓа пред епидемија. Тој додаде и дека епидемијата може да се спречи само со големи напори. Целта на кризниот тим е да ги вмрежи важните институции како министерствата, но и компаниите како железницата.

Спремна ли е Германија да спречи епидемија од коронавирус?

Посмртоносен од грипот?

Актуелните изјави на научниците упатуваат на голема загриженост. Коронавирусот е посмртен од грип. Претседателот на Институтот Роберт Кох, Лотар Вилер, ги соочи новинарите со оваа шокантна вест на конференцијата за новинари во Берлин, која од вчера (27.2.2020.) се одржува секој ден. Колкава ќе биде стапката на смртност, ќе се знае дури кога ќе заврши епидемијата, продолжи Вилер. Повтори и дека во Германија нема причина за паника: „Вирусот сѐ уште не е надвор од контрола. Имавме случаи на заразени во Баварија, каде што ширењето на вирусот беше успешно запрено. Имавме и два случаи пред два дена, но хигиенските заводи и здравствените служби работат на откривање на сите лица со кои заразените биле во контакт“.

Запирање на сообраќајот и ставање на цели градови во карантин - малку веројатно

На почетокот беа заразени вработени во една компанија во Баварија која има контакти со Кина, во последните денови се појавија инфекции во Северна Рајна-Вестфалија и во Баден Виртемберг, Рајнланд-Фалц од луѓе кои дошле од Италија. Први случаи на заразени во последниве часови пријавија и покраините Хесен и Хамбург.

Повеќе на темата:

-Коронавирус - пандемијата доаѓа, преземете одговорност!

-Коронавирус: Како најдобро да се подготвам во случај на пандемија?

-Коронавирус: Кога епидемијата станува пандемија?

Стручњаците од Институтот Роберт Кох, меѓутоа, остануваат при стандардната пракса: заразените луѓе се изолирани и луѓето со кои биле во контакт се идентификувани колку што е тоа можно. „Ние и натаму ќе ја следиме оваа стратегија. Можно е да ја загубиме контролата над ситуацијата, кога ќе избие вистинска епидемија“, вели Лотар Вилер. А тоа би било случај кога локалните епидемии би излегле од контрола. Научниците од институтот Роберт Кох и натаму веруваат дека градовите во Германија не мораат да се стават во карантин како во Италија.

Hochsicherheitslabor Robert Koch-Institut
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Gambarini

Институтот Роберт Кох спроведува истражување на вирусот во два слоја

Во последните неколку дена, институтот Роберт Кох беше преплавен од прашања од новинарите кои бараа информации за состојбата на вирусот во Германија. Овој институт во берлинската населба Вединг, наречен по светски познатиот микробиолог Кох, е најважна германска установа за прашањата за заразни болести. Роберт Кох во 1905 година доби Нобелова награда за медицина за откривањето на бактериите на туберколоза. Денес околу 1.000 вработени во институтот истражуваат вакцини, итернационално е умрежен и се набљудува избивањето на епидемии и пандемии. За коронавирусот, во институтот постојат неколку Центри за итни дејствија, во кои вработените 7 дена во неделата ја проценуваат ситуацијата, даваат препораки и разменуваат идеи со лекарите и со властите.

Министерот Шпан набројува дека 170.000 амбуланти, 20.000 аптеки, над 2.000 болници и 14.000 установи за здравствена нега ширум земјата сега треба да се координираат и да се опслужат со информации. Стручњаците стравуваат дека наскоро би можело да дојде до проблеми: Во комуналните Здравствени служби ширум земјата работат околу 2.500 лекари. Пред 15 години беа многу повеќе. Телефонските линии кои се веќе поставени се преоптоварени.

Заштитата од катастрофа е национално прашање

Законот за заштита од инфекции регулира како треба се постапува во случај на избивање на заразни болести. Во пракса заштитата од опасност по здравјето и делувањето во случај на катастрофа во Германија е работа на секоја покраина посебно. Секоја покраина има свои планови во случај на епидемија или на пандемија. По правило важи следното: Сѐ додека не се појават инфекции може да се контролира со вообичаени инструменти, не се активира алармот за катастрофа.

Помош од војската само во ограничен обем

Уште една германска карактеристика во споредба со другите земји е тоа што германската војска Бундесверот не може толку лесно да биде распоредена на територијата на земјата. Многу Германци се сеќаваат дека како војници помагаа при летните поплави на реките Одра и Елба. Меѓутоа постојат ограничувања во случај на епидемија. Контролата на луѓе, апсењата и затворањата се исклучиво во надлежност на полицијата.