1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина тргна по опасен пат

Александар Герлах
20 февруари 2019

Додека светот е фокусиран на развојот во кинеските приморски региони, комунистичката држава покажува тоталитарни тенденции на северозападот. Тоа не смее да се премолчува, смета Александер Герлах

https://p.dw.com/p/3DiBd
BORTALA CHINA Anti-Terror-Truppen in Xinjiang
Фотографија: Imago/VCG

Постои „добра“ и „лоша“ Кина, читам пред некој ден во еден текст.
„Добрата“ Кина, објаснува авторот, е на југоисток од замислената дијагонална линија која ја сече државата, додека „лошата“ Кина е на северозапад. Југоисточниот регион се развива и е почитуван ширум светот, таму се наоѓаат економски развиените градови каде што живее мнозинството од населението и каде што огромни инфраструктурни проекти креираа градови за милиони луѓе во региони кои до пред 30 години зјаеа празни. За разлика од северозападот каде е центарот на големиот политички кризен регион: внатрешна Монголија, Тибет и провинцијата Шинџианг.
Луѓето во Европа и САД повеќе се фокусираат на јужна Кина, која постигна забележителен успех адаптирајќи се повеќе на американскиот економски модел. Благодарение на поранешниот лидер Денг Ксиаопинг, чии реформи започнаа пред точно 40 години, земјата се трансформираше од заостаната маоистичка држава во која цели региони умираа од глад, во модерна нација.

Крај за реформите на Денг

Но, со претседателот Ши Џинпинг, „лошата Кина“ се повеќе добива на гласност. Тој почна да ги враќа во рикверц економските реформи на Денг, ставајќи ја економијата на опасна патека, а притоа и целосно ги елиминираше политичките слободи кои неговите претходните малку по малку ги даваа.
Особено погодени се жителите на кинескиот северозапад- особено оние кои живеат во Тибет и Шинџианг. Нивните култури се асимилираат и ограничуваат, а културната независност е задушена, слично како во Франкова Шпанија, кога на Баскијците им беше забрането да го зборуваат својот јазик.
Со децении, културата на Тибетанците се уништува, а нивните храмови се палеа. Ујгурите во Шинџианг, од кои мнозинството се муслимани, се следни. Големи кампови за интернирање се подготвени- сателитските снимки го потврдуваат нивното постоење. Кинеското раководство го негира тоа и тврди дека се работи за кампови за едукација. Околу 1 милиони луѓе се затворени поради нивната вера и етничка припадност. Но, во Шинџианг се работи за далеку повеќе од државно наметнат атеизам: Се работи за целосно угнетување на друга етничка група и нејзината култура.

Kommentarfoto: Prof. Dr. Dr. Alexander Görlach
Александер ГерлахФотографија: Harvard University/D. Elmes

Германија мора да реагира

Дојде моментот кога светот мора да го пренасочи фокусот од „добрата“ кон „лошата“ Кина. И покрај привлечноста на огромниот пазар за западните земји, она што го прави кинеското раководство во Шинџианг е преминување на секоја линија во однос на човековите права.
Колкаво е растојанието од камп за интернирање до уништување? Ние Германците знаеме колку е кус тој скок. Режим кој започнува со затворање и „ре-едуцирање“ на луѓето врз основа на нивниот идентитет е толку дегенериран што наскоро ќе му се чини дека сето ова е еден административен, логичен чекор. Ши ја става Кина на погрешен пат, на „лош“ пат.
Поради минатото, германската влада особено мора недвосмислено да реагира по алармантните извештаи од Кина. Важно е да се направи разлика меѓу кинеската влада и кинескиот народ. Постојат причини да се верува дека повеќето воопшто не знаат што се случува во Шинџианг. Ши е насекаде присутен и, за разлика од Денг, се прогласи за доживотен претседател.

Соработка со САД

Под раководство на Ши, Кина станува се поизолирана, а третманот на Ујгурите само ја влоши состојбата. Во исто време, раководството ги заострува заканите кон Тајван и Хонг Конг- кој доби пошироки демократски права. Фактот дека Ши има моќни непријатели кои не сакаат да го прифатат овој курс стана јасен за време на прославата на 40-годишнината од реформите на Денг, кога еден од внуците на реформаторот ја потсети публиката дека неговиот дедо соработувал со САД. Тој оцени дека секоја земја која соработувала со САД имала придобивки. Тоа беше недвојбена критика кон Ши, и забелешка која само некој со проминентно семејно име смее да ја изрече во Кина.
Пораката од странство мора да биде уште појасна: Ујгурите мора да бидат оставени намира. Меѓународната заедница може да соработува само со „добрата“ Кина.

Александер Герлах е почесен професор по етика и теологија на Универзитетот во Линеберг и на Институтот за верски и меѓународни студии на Универзитетот Кембриџ.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема