1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ковид-19: Германскиот тикет за иднината

Михаела Кифнер
5 јуни 2020

Германската влада усвои конјунктурен пакет од 130 милијарди евра, кој земјата би требало да ја одведе во иднината, но и сигнал дека просперитетните години пред коронавирусот се дефинитивно зад нас, смета Михаела Кифнер

https://p.dw.com/p/3dI6X
Deutschland Berlin Pressekonferenz zum Konjunkturpaket | Angela Merkel und Olaf Scholz
Фотографија: Getty Images/AFP/J. MacDougall

Во воздухот веќе виси крајчето од колбасот наменет за автомобилските концерни - тоа беше барање за усвојување премија за купување автомобили, особено на оние со традиционални мотори со внатрешно согорување - дизел и бензин возила. Ова барање секогаш од почеток се појавува во јавноста како рефлекс. И не пристигнува само од редовите на германската клучна индустрија. Сите оние кои се залагаат за таа идеја и во оваа криза на своја страна имаа околу 800.000 аргументи - работни места. Но, оваа коалиција повторно покажа дека оваа, често во пораните времиња, парализирачка потрага за консензус може да биде и силна страна - демохристијанските партии (ЦДУ и ЦСУ) на канцеларката Ангела Меркел и социјалдемократите (СПД) со овој пакет начелно одлучија дека во иднина не сакаат да продолжат да го одржуваат стариот статус кво, односно оти „фосилна Германија“ не е нивна цел. Тоа е добро. Бидејќи работите можеа да бидат и поинакви.

Присилени на поглед кон иднината

Deutsche Welle Michaela Kuefner, TV Portrait
Мануела Кифнер, авторка на коментаротФотографија: DW/B. Geilert

Бидејќи во Берлин во изминатите 15 години, откако на чело на владата е Ангела Меркел, и онака веќе се преспаа дигитализацијата и електрификацијата на мобилноста. И сега пандемијата со коронавирусот некако сѐ оттргна од политичката рутина и ја присили политиката на трезвен поглед во насока на иднината.

Германската влада веќе и пред тоа беше подготвена да вложи над 700 милијарди евра за голото преживување на економијата во криза. И затоа овие 130 милијарди за пакетот за поттикнување на стопанството не требаше да исчезнат при широкоградото делење пари од страна на политичарите.

Повеќе:

-Германија: План од 130 милијарди евра за излез од корона-кризата

-Германија со национализација ќе ја спасува Луфтханза

-Корона-кризата ја турна Германија во рецесија

По 21-часовиниот преговарачки маратон кој траеше 2 дена, шефовите на партиите и на застапничките клубови одлучија: да дадат премии, но само за купување на електрични возила, иновациски премии за индустријата. Потрошувачката би требало да се поттикне со намалување на данокот на додадена вредност од 19 на 16 отсто. Како популистичка мерка за поправање на расположението во земјата можат да се сфатат оние 300 евра по дете. Оваа акција секако не допринесува до целта сигурно, современо образование за сите.

Надеж во решение за иднината

Овој конјунктурен пакет сѐ уште не е решение кое води кон политика која во вид ја има иднината, политика која не сака само да продолжи да ги „ублажува“ последиците од дигиталната револуција, туку политика која сака да обликува. Но, тоа е одредување на курсот на околу една година пред крајот на последниот мандат на Ангела Меркел на должноста сојузна канцеларка - курс кој буди надеж во нови, уште поголеми решенија.

И Меркел, откако во 2005 година ја презеде должноста шефица на владата, преку едно цело десетлетие профитираше од резултатите на непопуларната реформска Агенда 2010 на социјалдемократскиот претходник Герхард Шредер. И така овој конјунктурен пакет би можел да биде прв, важен чекор во насока на Агендата 2030 на Меркел.