1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Кои се вакцините- адути на човештвото против Ковид-19

СН/дв
13 март 2021

Со секој нов ден, доаѓаат и нови оптимистични вести за развојот и одобрувањето на вакцини против коронавирусот. Тие впрочем се главното оружје на човештвото во борбата против пандемијата. Кои се досегашните и идни адути?

https://p.dw.com/p/3qabB
Deutschland Covid-19 Impfung
Фотографија: Jens Schmitz/imageBROKER/picture alliance
  • Бионтек/Фајзер: почеток на иРНК-револуцијата

Првата вакцина против Ковид-19, одобрена за употреба во САД и во ЕУ, беше вакцината на германските научници со турски корени Угур Шахин и неговата сопруга Озлем Туречи. Нивната фирма Бионтек од Мајнц влезе во сојуз со американскиот гигант Фајзер. Медиумите почнаа да зборуваат за „револуција“ во фармацевтската индустрија, откако е создадена првата иРНК вакцина.

Повеќе: Студија: Вакцината на Бионтек/Фајзер „екстремно ефикасна“

  • Модерна: родум од универзитетот Харвард

Американската компанија за биотехнологија Модерна е специјализирана и за РНК технологии, кои се сметаат за нов чекор во медицината. Нејзиното седиште се наоѓа во Кембриџ, Масачусетс, во близина на универзитетот Харвард, чии научници ја основаа компанијата во 2010 година. Вакцината на Модерна, создадена со финансиска поддршка од властите, беше втората корона-вакцина регистрирана во САД и во ЕУ.

Повеќе:Дали е доволна само една доза од вакцините на Фајзер и Модерна?

 

  • АстраЗенека: „Оксфордската вакцина“

Научниците од Универзитетот Оксфорд во соработка со британско-шведската компанија АстраЗенека вршеа клинички испитувања и производство на нивната вакцина. Таа во голема мерка се користи во Велика Британија, ги исполнува условите во ЕУ и активно се користи во земјите во развој, бидејќи „вакцината од Оксфорд“ има многу ниска цена. Така, таа се произведува во Индија за локалниот пазар и за извоз.

Повеќе:Данска, Норвешка и Исланд од „претпазливост“ ја сопреа вакцинацијата со АстраЗенека

  • Спутник V: првата одобрена вакцина во светот

Во август 2020, Русија објави дека прва во светот регистрирала вакцина против коронавирусот наречена Спутник V. Масовната вакцинација на руското население официјално започна во јануари 2021. Оваа векторска вакцина, изработена од научниците од Московскиот центар Гамалеја, се промовира на странските пазари од страна на Рускиот фонд за директни инвестиции.

Повеќе:Русија има уште две вакцини– што се знае досега за нив?

  • Џонсон и Џонсон: доволна е една доза

Американска корпорација Џонсон и Џонсон е еден од шесте производители на корона-вакцини со кои ЕУ склучи прелиминарни договори за снабдување. Од нејзината векторска вакцина потребна е само една доза, а не две како останатите и се чува во конвенционални фрижидери. За ЕУ оваа вакцина, која доби дозвола за употреба на 11.03. ќе ја произведува белгиската сестринска фирма на Џонсон и Џонсон - Јансен.

Повеќе:И вакцината на Џонсон и Џонсон влегува во програмата Ковакс

„Вакцината е единствено решение за излез од Ковид-кризата“

  • Синовак: тивкиот конкурент од Кина

Без многу врева и детални извештаи за клиничките испитувања, Кина разви најмалку три вакцини. Една од нив, создадена од деактивиран коронавирус, Синовак Биотек ја тестираше во неколку азиски земји, вклучувајќи ја и Индонезија, која потоа веднаш ја нарача. Да им даде пример на своите сонародници, претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, прв се вакцинираше.

Повеќе:Втора кинеска вакцина доби дозвола за масовна употреба

  • Синофарм: Првата кинеска вакцина

Станува за вакцина со „деактивиран“ вирус која државната компанија ја разви во соработка со Институтот за вирологија од Вухан. Овој вид на вакцини се користи веќе со децении, со добри резултати во пракса. Вакцината која веќе се користи во Србија и во Унгарија, беше првата која доби одобрение за употреба од кинеските власти.

Повеќе:Ковид-19: што знаеме за кинеските вакцини?

  • Новавакс: Нова надеж

Американската фармацевтска компанија Новавакс објави дека нејзината вакцина е 96 процентно ефикасна против оригиналниот вирус и 86 проценти против британскиот сој. Тоа произлегува од студијата што Новавакс ја спроведуваше во Велика Британија. Вакцината може да биде одобрена за употреба во САД уште во мај, доколку властите утврдат дека податоците од Велика Британија се доволни, соопшти компанијата.

Повеќе: Новавакс: уште една ветувачка вакцина

  • КјурВак: Печатач за вакцини на Тесла

Втората германска иРНК вакцина, која се очекува да биде регистрирана до лето, ќе биде произведена и извезена на глобално ниво од компанијата КјурВак од Тибинген, во партнерство со концернот Баер. Но, ќе биде можно таа да се направи директно во клиниките ширум светот. Првиот човек на американскиот концерн Тесла, Елон Маск  демонстрираше мобилен печатач на вакцини создаден од германската сестринска фирма Тесла Громан.

Повеќе:Германија: Тест-вакцина против Ковид-19, резултати во август

  • Санофи: два неуспеха и помош за Европска унија

Француската компанија Санофи е еден од најголемите светски производители на вакцини. Но, овојпат тоа не и' успеа - двапати: ни заедничкиот развој со британската ГлаксоСмитКлајн, ниту обидот за создавање иРНК вакцина досега не дадоа резултати. За да помогне во обезбедувањето на вакцини за земјите од ЕУ, нејзината фабрика во Франкфурт на Мајна ќе произведе 125 милиони дози од вакцината на Фајзер.