1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Конфискувано седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

ЕМФ | агенции
8 јуни 2022

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на партијата, Кирил Божиновски се осудени во случајот „Талир 2“, кој се однесува на седиштето на партијата, познато како Бела палата

https://p.dw.com/p/4CPxf
Nord-Mazedonien Parteizentrale der VMRO DPMNE in Skopje
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Никола Груевски, поранешен премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, денеска е осуден на казна затвор од шест години за кривичното дело злоупотреба на службена должност. За виновен во случајот „Талир 2“ е прогласен и поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски, кого судот го осуди на две години условна казна.

Воедно, судот го конфискуваше и седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, познато како Бела палата, како и повеќе партиски штабови низ државата.

Груевски и Божиновски беа обвинети за злоупотреба на службената положба. Груевски, како претседател на партијата, иако знаел дека таа е непрофитна организација, спротивно на Законот за финансирање на политички партии донесол одлука да се најде инвеститор за изградба на објект според неговите желби и барања, а Божиновски, постапувајќи по неговите насоки, за изградба на партиското седиште.

Двајцата се товареа дека овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партијаВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи. 

Во соопштението на судската пресуда се вели дека деталната анализа на материјалите докази упатува на тоа дека одлуките донесени од органите на партијата даваат само привидна форма на законска постапка, иако претходно сите работи веќе биле договорени со „АД Бетон“.7