1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус: Расте бројот на реинфицирани

БГ
27 август 2021

Расте и бројот на реинфицирани пациенти со коронавирус, покажува анализа на Министерството за здравство. Дури 82 проценти од новозаразените не биле вакцинирани

https://p.dw.com/p/3zZAZ
Коронавирус Пациенти Болница
Во изминатите три седмици во Северна Македонија починале 276 лица со Ковид 19, а 246 од нив не биле вакцинирани.Фотографија: Brandon Bell/Getty Images

Од вкупно 17 илјади новозаразени од коронавирус во период од 06.08 до 26.08 годинава, нешто помалку од 3.000 луѓе, или 17%, биле целосно вакцинирани, соопшти Министерството за здравство. Од друга страна, дури 14.096 граѓани во изминативе три недели, односно 83% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани.

Сличен сооднос покажува и бројката на хоспитализирани и смртни случаи од Ковид-19. Имено, процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 89%, додека само 11% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.  
Кај смртноста, тие бројки се уште подрастични. Во изминатите три седмици во Северна Македонија починале 276 лица со Ковид 19, а 246 од нив не биле вакцинирани. Целосно вакцинирани биле само 30 пациенти или околу 10% од починатите.

Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање во С. Македонија, како и вакцини Модерна и Џонсон и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство. 

Министерството за здравство информира дека е забележан и зголемен број реинфекции со Ковид 19, во период од 15 август до 22 август. Институтот за јавно здравје анализирајќи открил дека во период на една недела 54 лица кои еднаш биле позитивни на Ковид 19, повторно се заразиле со вирусот. Ако се анализира состојбата од почетокот на пандемијата, заклучно со 22 август 2021 година, во земјата вкупно се детектирани 351 случај на повторно заразување со вирусот.