Кубански лекари во борба против Ковид-19 ширум светот
Сите овие медицински лица се дел од бригада за помош „Хенри Рив“ основана од долгогодишниот кубански лидер Фидел Кастро во 2005 година, која е специјализирана за дејствување во места погодени од катастрофи и тешки епидемии и од тогаш помага ширум светот.
Во Европа, покрај Италија, кубанските лекари сега помагаат и во борбата против Ковид-19 во кнежеството Андора.
Најобемна мисија во моментот е она во Катар, каде од 15 април работат 229 специјалисти, а потоа следува Ангола, каде има 219 кубански лекари и медицински сестри.
Повеќе:
-Зошто кубанските лекари го ризикуваат својот живот помагајќи во други земји
Покрај споменатите држави, многу помали контингенти на припадници бригадата „Хенри Рив“ има и во Латинска Америка и на Карибите, вклучувајќи ги Мексико, Хондурас, Јамајка, Барбадос, Хаити и Белизе.