Лекарки се осомничени за фалсификат и давање разредени вакци
24 декември 2021Две лекарки во германската покраина Баварија се соочени со обвинувања дека им фалсификувале сертификати за вакцинација на противници на вакцинирањето, дека давале разредени вакцини и дека од здравствениот фонд наплаќале за неинјектирани вакцини. Портпарол на Баварската централна служба за борба против измама и корупција во здравството (ЗКГ) вчера (23.12) информираше дека е направен претрес на две ординации и повеќе станови. Притоа се запленети документи и подготвени инјекции. Во целиот случај има петмина обвинети, од кои две лица се лекарки.
Лекарките на пациентите кои не сакале да се вакцинираат во жолтата вакцинална книшка им лепеле етикетиод фрлени вакцини како доказ дека примиле вакцина. На други пациенти, пак, како што изјави портпаролот на ЗКГ, им биле инјектирани разредени вакцини. Во непознат број случаи биле пресметани вакцини кои воопшто не им биле дадени на пациентите, туку фрлени.
Надлежните за можната измама добиле информација од приватно лице. Сега против осомничените, меѓу другото, се води истрага за измама, намерно нанесување телесни повреди и неправилно издавање вакцинални потврди.