Меркел: Ова е пресвртна точка за историјата на Европа
25 февруари 2022„Оваа агресивна војна на Русија означува длабока пресвртна точка во историјата на Европа по крајот на Студената војна“, изјави Меркел за германската агенција ДПА.
„Нема апсолутно никакво оправдување за ова еклатантно прекршување на меѓународното право, и го осудувам со најсилни можни зборови“, изјави Меркел.
„Моите мисли и мојата солидарност е со украинскиот народ и со владата предводена од претседателот Володимир Зеленски во овие страшни часови и денови“, рече Меркел, изразувајќи „целосна поддршка“ за напорите на ЕУ, НАТО, ОН и Г7 да и стават крај на војната.
Меркел беше германска канцеларка во 2014-тата, кога Русија изврши анексија на украинскиот полуостров Крим. Во тој период, таа инсистираше на важноста од одржување на линии на комуникација со Москва. Сепак, таа вели дека овојпат ситуацијата е поинаква затоа што при овој напад на Русија целта е целата Украина.