На Орбан му се поставени три услови
6 март 2019„Виктор Орбан и Фидес минатиот месец повторно ги преминаа црвените линии“, изјави врвниот кандидат на ЕПП на европските избори, Манфред Вебер пред новинарите во Ландау, во Баварија, а за весникот „Билд“ рече: „Виктор Орбан мора итно и конечно да ги стопира анти-Брисел кампањите на својата влада.“
Освен тоа, Орбан мора за своите антиевропски ставови да им се извини на останатите партии членки на ЕПП и да обезбеди останување на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта, бара Вебер.
Европската народна партија ќе одлучува за исклучување на Фидес на 20 март. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека ќе го поддржи барањето за исклучување.
„Сите опции се на маса, а особено опцијата да го продолжиме патот без Фидес“, рече Манфред Вебер во Ландау.
Повеќе:
Побарано исфрлање на партијата на Орбан од ЕПП
Хрватска партија ја напушта ЕПП - поради Орбан
Дванаесет од околу 50 партии членки на ЕПП во меѓувреме бараат исклучување на Фидес. Фидес подолго време предизвикува контроверзни дебати во Европската народна партија. Последниот потег на унгарската партија е кампањата со плакатите на кои се прикажани Јункер и американскиот милијардер Сорос. Будимпешта го обвинува Јункер дека сака да ги принуди членките на ЕУ да се обврзат на прием на бегалци и на ослабнување на националната заштита на границите.