Навални: Меркел ме посети во болница
28 септември 2020Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска соопшти дека германската канцеларка Ангела Меркел го посетила додека бил на лекување во берлинската болница поради труење.„Многу сум и' благодарен на канцеларката Меркел што ме посети во болница“, напиша на Твитер Навални, потврдувајќи ги информациите на германскиот весник Шпигел.
Алексеј Навални, кој е на рехабилитација во Берлин, минатата недела излезе од болница по еден месец.
44-годишниот Навални, најистакнат противник на рускиот претседател Владимир Путин, беше префрлен во Германија два дена откако му се слоши на 20 август на домашен лет во Русија.
Повеќе:
-Алексеј Навални е отпуштен од болницата во Берлин
-Навални: Отровот во шише вода- не во чај?
-Кој има поголеми штети од случајот Навални - Путин или Германија?
Германските стручњаци за хемиско оружје утврдија дека Навални е отруен со агенсот „новичок“ од советската ера, што го поттикна Берлин да побара од Русија да го испита овој случај. Навални беше држен во вештачка кома повеќе од две недели и беше лечен со противотров.
Членовите од неговиот тим го обвинија Кремљ за вмешаност во труењето, а руските претставници цврсто го негираат тоа.Кремљ реагираше луто на повиците на канцеларката Ангела Меркел и на други личности да одговорат на прашањето за труењето.