1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Никола Груевски: како реформаторот стана бегалец

БГ
14 ноември 2018

Од надежен реформатор, преку корумпиран автократ до бегалец од правдата. Минаа точно 20 години од моментот кога Никола Груевски стана министер до бегството во Унгарија. Неговата политичката кариера низ фотографии.

https://p.dw.com/p/38EGA
Bildergalerie Mazedonien Nikola Guevski Ex-Premierminister nach der Stimmabgabe bei den Wahlen 2006
Фотографија: Getty Images/AFP/D. Dilkoff

Минаа речиси точно 20 години од моментот кога Никола Груевски стапна на политичката сцена во Македонија како министер за трговија во првата влада на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Љубчо Георгиевски во 1998., па до неговиот статус на Фејсбук во вторникот во кој информираше дека бара политички азил во Унгарија.
За потсетување, ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите во 1998 година, кои се одржаа на 18 октомври (прв) и 1 ноември (втор круг). Владата беше формирана на 30 ноември истата година. Во декември 1999 година, Груевски го презеде министерството за финансии. 

Искачувањето до врвот на македонската политика, Груевски го започна во 2004 година, по неуспешниот референдум против територијалната поделба, откако претходно успешно го одбрани партискиот престол во хотелот Панорама. За претседател на ВМРО-ДПМНЕ беше избран во мај 2003 година.  

Bildergalerie Mazedonien Nikola Guevski Ex-Premierminister bei der Wahl als Parteivorsitzender
Груевски беше избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на партискиот конгрес на 25 мај 2003 година во Охрид.Фотографија: picture-alliance/dpa/epa/G. Licovski

На парламентарните избори во 2006 ВМРО-ДПМНЕ предводена од Груевски извојува убедлива победа. Младиот технократ ветуваше економска преродба на земјата и брзо членство во ЕУ и НАТО. Граѓаните му ја дадоа довербата на гласањето на 5 јули, но ретко кој очекуваше дека Груевски неограничено ќе владее и во следните 10 години. 
Младиот премиер во првите години уживаше голема поддршка од меѓународната заедница и особено од сестринските партии во Европа. Веќе во октомври 2006. беше пречекан во Берлин од канцеларката Ангела Меркел со воени почести. Западните политичари во него гледаа надеж за земјата и за регионот и пресврт од дотогашната националистичка политика...
Погледнете повеќе во нашата фото-галерија: