1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поголем притисок - повеќе насилство во Хонгконг

Филип Билски
19 ноември 2019

Ситуацијата во Хонгконг се заострува. Полицијата дури се закани и со употреба на боева муниција. Но, зголемувањето на притисокот нема да донесе решение, оценува Филип Билски.

https://p.dw.com/p/3TI2X
China HongKong -  Anti-Regierungsproteste - Ausschreitungen
Фотографија: Reuters/A. Abidi

Слики од Хонгконг кои се добро познати: водени топови, запалени барикади, запалливи бомби. Ситуацијата во поранешната колонија во текот на изминатите денови ескалираше натамошно.

Хонгконшката полиција во меѓувреме дејствува де факто без каква било контрола. И, на повидок нема промена на таквата ситуација. Дури и најтешки прекршувања од страна на полицијата остануваат неказнето. Владата во Хонгконг стави многу јасно до знаење дека не е подготвена да ги исполни барањата на демонстрантите. Дури ниту нивното најважно барање - независна истрага на полициското насилство.

HA Asien | Philipp Bilsky Kommentarbild App
Филип Билски, автор на коментаротФотографија: DW/P. Böll

Подготвеноста на демонстрантите на насилство е значително зголемена. Тоа го покажува последната употреба на стрели или рачно изработени катапулти на запаливи бомби. Ова насилство, освен тоа, веќе не е насочено само против претставниците на државата. Демонстрантите делумно напаѓаат и сограѓани и тоа само поради тоа што тие имаат поинакво мислење и на протестното движење гледаат критички. На интернет со денови кружат исклучително збунувачки слики од вакви инциденти.

Сега хонгконшката полиција најавува дополнително зголемување на притисокот и се заканува со употреба на боева муниција. Но, уште сега е видливо дека зголемен притисок од страна на полицијата ќе доведе само до уште повеќе насилство на демонстрантите. Оној кој сака да сфати како можеше да дојде до сегашната ситуација, би требало да фрли поглед врз развојот на состојбите во изминатите години: голем број граѓани на Хонгконг постојано мирно демонстрираше против растечкото влијание на Пекинг и бараше поголемо демократско соодлучување. Но, се промени малку. Од тоа голем број демонстранти извлече заклучок дека со мирни протести не може да се постигне промена.

Хонгконг во суштина е исправен пред политички проблем. Ако владата сака да излезе од актуелниот ќорсокак, тоа може да го постигне само со политичко решение. Но, се чини повеќе од неверојатно е дека тоа ќе успее. Во моментов нема политички иницијативи од страна на владата вредни за споменување.