1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Спасовски, Османи, Филипче и Адеми одат во домашна изолација

БГ
16 април 2020

Техничкиот премиер Оливер Спасовски и уште тројца министри кои вчера присуствуваа на состаноците во Куманово ќе одат во домашна изолација, велат од Владата за ДВ. Седниците ќе продолжат преку видео- конференциска врска.

https://p.dw.com/p/3azrX
Nord-Mazedonien Oliver Spasovski Ministerpräsident der Übergangsregierung
Фотографија: DW/P. Stojanovsk

Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за образование Арбер Адеми од денеска одат во домашна изолација во следните 14 дена, потврдуваат од владата за ДВ.
Оттаму велат дека седниците на владата ќе продолжат да се одржуваат преку видео-конференции како и во последните 5 дена, и дека нема никакви пречки за натамошно функционирање на извршната власт. Покрај министрите, во домашна изолација ќе оди и државниот секретар во Министерството за здравство Владо Милошев.
Петмината, заедно со епидемиологот Жарко Караџовски вчера беа на состанок со локалната власт во Куманово. Утрово градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски објави дека е позитивен на коронавирус.
Вицепремиерот Османи веќе најави дека утре ќе се тестира на коронавирус, а се очекува да бидат тестирани и премиерот и останатите министри.
Спасовски, Османи и Филипче денеска не беа ниту на седницата на Советот за безбедност кај шефот на државата Стево Пендаровски. 
Филипче преку Твитер соопшти дека на вчерашниот состанок во Куманово ги почитувал сите препораки за заштита и дека очекува да му биде направена епидемиолошка анкета. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема