1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Медиуми

Пулицер за украинските новинарки и новинари

Сузане Кордс
10 мај 2022

Годинава жирито на Пулицеровата награда им оддаде специјално признание на украинските новинари и новинарки за нивната храброст, издржливост и посветеност.

https://p.dw.com/p/4B4rO
Американскиот медиумски магнат Џозеф Пулицер
Американскиот медиумски магнат Џозеф Пулицер Фотографија: Liszt Collection/picture alliance

Во светот го има речиси истиот статус како Оскарот: Пулицеровата награда, која од 1917 година се доделува првенствено за новинарски достигнувања  - дури и ако само американските медиуми и автори можат да се квалификуваат за неа. Тоа е „златен стандард на американското новинарство, уметност и литература“, истакнува Марџори Милер, поранешна репортерка и од неодамна администраторка на одборот за доделување на Пулицеровите награди.

„Во моменти кога вистината е нападната, ќе се борам силно за тоа слободниот печат да продолжи да бара одговорност од оние кои се на власт и да ја разоткрива неправдата“, порачува Милер.

Во 2022 година, наградата беше доделена во 22 категории, од кои 15 се резервирани за новинарската област, од истражувачки прилози до спектакуларни фотографии и карикатури. Наградата се доделува и за книжевни дела како и за музички и театарски дела.

Весникот „Вашингтон пост“ ја доби наградата во главната категорија „Во служба на јавноста“ за извештајот „Атак“. Станува збор за извештај за упадот во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година од страна на поддржувачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и приврзениците на теорите на заговор, еден од „најмрачните денови на нацијата“, како што истакна Марџори Милер.

Специјалната награда годинава отиде во рацете на украинските новинарки и новинари. Ним им е оддадено признание „за храброста, упорноста и посветеноста на вистинитото известување за време на безмилосната инвазија на нивната земја од страна на Владимир Путин и неговата пропагандна војна во Русија“.

Во категоријата фикција, писателот Џошуа Коен победи во конкуренција на Франциско Голдман („Момче мајмун“) и Гејл Џонс („Палмарес“). Неговото дело „Нетанјахус“ беше поофалено како убав, лингвистички умешен историски роман за односот меѓу Израелците и американските Евреи во Америка во 1960-тите.

Наградите годинава ќе им бидат врачени на победниците од страна 18-членото жири составено од издавачи, новинари и академици во универзитетска библиотека во Њујорк. За разлика од пандемиската 2021, годинава е планиран и традициионалниот ручек по врачувањето на наградите.