1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Референдум во ирачки Курдистан: регионот врие

СН/ агенции
26 септември 2017

Големи надежи, но и остри предупредувања, воена реторика и мавтање со сабји. Референдумот во ирачки Курдистан ги зоврива страстите во регионот.

https://p.dw.com/p/2kjdR
Irak Kurden feiern Referendum
Фотографија: Reuters/A. Jadallah

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска предупреди на опасноста од „етнички и верски судир“ доколку ирачкиот Курдистан го спроведе својот проект за независност. Ако (лидерот на ирачките Курди) Масуд Барзани и регионалната влада не ја исправат брзо оваа грешка, тогаш тие нечесно ќе влезат во историјата дека го турнале регионот во етничка и верска војна“, истакна Ердоган.

Гласањето во провинциите во ирачки Курдистан и на спорните територии, на кои право полагаат и Багдад и курдските власти, беше одржано вчера, и покрај предупредувањата од централните власти во Багдад, САД, Турција и Иран дека референдумот ќе предизвика тензии е оти ќе го заврти вниманието од борбата против Исламска држава. Курдите се доминантно население на југоистокот на Турција, на северот на Сирија, северот на Ирак и северозападот на Иран. Овие четири области го сочинуваат регионот Курдистан. Ирачкиот дел на Курдистан, има автономија од 1991 година. 

Türkei Kurden feiern Referendum
Фотографија: Reuters/S. Kayar

Во ирачки Курдистан во меѓувреме во тек е пребројувањето на гласовите од референдумот за независност на кој имаше голем одзив на избирачите. Изборната комисија денеска соопшти дека на гласање излегле 72 насто од граѓаните со право на глас, односно 3,3 од вкупно 4,58 милиони избирачи.

Референдум за независен Курдистан

Конечните резултати, кои не се обврзувачки, се очекуваат во рок од 72 часа, а прелиминарните резултати, кои ги пренесуваат светските агенции повикувајќи се на извори во изборната комисија на ирачки Курдистан говорат дека повеќе од 90 насто од луѓето ја поддржало независноста. Претседателот на ирачки Курдистан, Масуд Барзани истакна дека референдумот е прв чекор во долгиот процес на преговори за независноста. Ирачкиот премиер Хајдар ел-Абади соопшти дека нема да преговара со курдските лидери за „неуставниот“ референдум.