1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД: Демократите ги збија редовите

СН/агенции
14 април 2020

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден во трката за влез во Белата Куќа може да смета на поддршката на својот доскорешен ривал Берни Сандерс. Тој ги повика сите Американци да го поддржат Бајден.

https://p.dw.com/p/3ar8Y
USA Biden und Sanders ARCHIV
Фотографија: picture-alliance/dpa/E. Vucci

Американскиот сенатор Берни Сандерс го поддржа својот доскорешен конкурент во Демократската партија, поранешниот американски потпретседател Џозеф Бајден, во трката за претседател на САД. „Ги повикувам сите Американци, го повикувам секој демократ, го повикувам секој независен политичар, повикувам многу републиканци, да се здружат во оваа кампања и да ја поддржат вашата кандидатура“, рече Сандерс во заедничкиот настап со Бајден на интернет.

Поддршката од Сандерс е од клучно значење за Бајден, кој мора да ја премости идолошката поделба во Демократската партија за да ги обедини избирачите во борбата против претседателот на САД, Доналд Трамп на изборите на 3 ноември. 78-годишниот Сандерс, кој себеси се опишува као демократски социјалист, и 77-годишниот Бајден, зад кого застана централистичката партиска елита (т.н. естаблишмент), беа лути ривали на внатрепартиските избори за претседателски кандидат на демократите.

Präsidentschaftskandidat Bernie Sanders in Dearborn Heights, Michigan
Фотографија: Reuters/L. Jackson

Сенаторот од Вермонт на 8 април објави дека ја напушта трката за претседателски кандидат на Демократската партија, велејќи оти Бајден има преголема предност и дека не е реално оти може да го стигне.

Повеќе:

-Откажувањето на Сандерс е добар потег

-Бајден во налет, Сандерс пред капитулација

-Камбек на Џо Бајден - желба за сплотеност

На внатрепартиските избори, кои започнаа на 3 февруари, Бајден досега освои 1.228, а Сандерс 918 делегати, кои на Демократската национална конвенција во август формално ќе одлучат за кандидатите од партијата за претседател и потпретседател на САД.

Сандерс  кажа дека „не е голема тајна“ оти меѓу нив двајца постојат разлики, но наведе дека главен приоритет е да се порази Трамп, пренесува Асошиејтет прес.„Мораме да го спречиме Трамп да добие втор (четиригодишен) мандат. Ќе сторам сѐ што можам тоа да не се случи“, рече Сандерс.Во претходниот изборен циклус, Сандерс до самиот крај на внатрепартиските избори водеше остра борба за демократска номинација со поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, која ја поддржа дури на Демократската национална конвенција.