Северна Кореја: корените на омразата
14 август 2017Во Северна Кореја недостасуваат многу нешта, но едно сигурно не: ефикасна пропагандна машинерија. Уште во детските градинки и во училишните учебници се поттикнува омразата кон САД, поврзана со стравот од „империјалистичкиот агресор“ од Вашингтон. На пропагандата ѝ оди од рака и тоа што може да се повика на колективното искуство од Корејската војна. Имено, таа војна до ден денес е присутна во животот на луѓето од Северна Кореја- можеби затоа што сѐ уште не е завршена, бидејќи мировен договор никогаш не е постигнат, па така на границата на 38-та паралела веќе преку шест децении владее само примирје.
Треба да се каже дека таа војна ја започна Северот. Севернокорејските трупи на 25 јуни 1950 година је преминаа 38-та паралела. Пјонгјанг сакаше со оружје да изнуди повторно обединување на полуостровот, кој по Втората Светска Војна беше поделен на север и на југ. Последиците беа катастрофални.
Сепак: сега кога претседателот Доналд Трамп се заканува со оган, бес и нескротлива сила и уште додава дека на Северна Кореја ќе ѝ се случат „работи, кои ги сметала за невозможни“, тоа се вклопува како во наративот на Пјонгјанг, така и во историските искуства.
Кога американскиот министер за одбрана Џејмс Матис го предупредува севернокорејскоот раковоство на опасност од „уништување на сопствениот народ“, тогаш пропагандистички за оживува националната траума, бидејќи Северна Кореја веќе доживеа уништување - меѓу 1950 и 1953 година.
Три години бомбардирање
Три години американските авиони масивно ја бомбардираа Северна Кореја - и тоа без обѕир кон цивилите, пишува американскиот историчар Брус Камингс. Тој килим од бомбардирање на Северна Кореја, тој го карактеризира како воено злосторство. Врз Северна Кореја се фрлени повеќе бомби и напалм-бомби отколку во текот на целата Втора светска војна. За време на тие три години во Северна Кореја загина 20 насто од населението. така гласи проценката на американскиот генерал Кертис Лемај кој во Корејската војна командуваше со авијацијата. Во едно интервју од 1984 година тој изјави: „Ние го запаливме секој град, на овој или на оној начин. Некои и во Јужна Кореја. По грешка го уништивме дури и јужнокорејскиот град Пусан“.
Поранешниот американски министер за надворешни работи Дин Раск, кој за време на Корејската војна бил задолжен за Источна Азија, вели: „Помеѓу 38-та паралела и кинеската граница ја бомбардиравме секоја цигла, ако стоеше една врз друга, сѐ што се движеше. Ние бевме целосно надмоќни во воздух и Северна Кореја ја срамнивме со земја.“
Мекартур сакал да фрли атомска бомба
И закани со атомска бомба Северна Кореја веќе има слушнато, имено од американскиот генерал Даглас Мекартур. Во едно интервју од 1954 година тој изрази разочарување бидејќи не му било дозволено да го спроведе планот да ја заврши војната во рок од 10 дена. Тој негов план предвидувал фрлање на „30 до 50 атомски бомби“. Тој, исто така, предлагал долгорочно да се оневозможи преминување на границата меѓу Северна Кореја и Кина- со ставање на радиоактивен кобалт во појас од 5 километри долж граничната река Јалу. Со тоа требало да се запре кинеската поддршка на Северна Кореја. Но, тие планови ги оневозможило американското Министерство за надворешни работи и ОН.
Во непријатните историски вистини- кои Западот ги заборави, а Северна Кореја и тоа како ги помни- спаѓаат и масакри. На пример, јавноста на Запад дури во 1999 година дозна дека американските војници под мостот Но Гун Ри убиле стотици цвили кои се обиделе да се спасат со бегство.
Уште полоши биле антикомунистичките чистки во јужнокорејската војска. Непосредно по избувнувањето на Корејската војна, на Југот биле стрелани наводните комунисти и симпатизери на Северот- со знаење и пред очите на американски офицери. Извештаите и фотографиите од овие злосторства со децении се држени во тајност, а објавени се дури во 2008 година.
Комисијата за вистина и помирување, основана за време на јужнокорејскиот претседател Ро Мо Хјун, кој предходно бил активист за човекови права, проценила оти во чистките се убиени 100.000 луѓе. Станува збор за многу конзервативна проценка, се вели во комисијата. За многу од тие масакари неправедно е обвинета Северна Кореја, која, исто така, вршела крвави чистки.