1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

СЗО: Раст на починатите од Ковид-19 наесен во Европа

СН/дв
14 септември 2020

Бројот на инфекции од коронавирусот во Европа нагло се зголеми во последните неколку недели. Во октомври и ноември можно е и зголемување на бројот на смртни случаи од Ковид-19 на континентот, предупредува СЗО.

https://p.dw.com/p/3iQQ3
Coronavirus | Deutschland Frankreich Patiententransport
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Schlueter

Светската здравствена организација (СЗО) очекува зголемување на дневните смртни случаи од коронавирусот во Европа во октомври и ноември. „Ќе биде потешко“, изјави регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге за новинската агенција АФП.

Бројот на нови инфекции со вирусот во Европа во моментов се зголемува, но бројот на дневни смртни случаи  досега остана релативно стабилен.

„Светот во моментов не сака да слуша такви лоши вести и јас го разбирам тоа“, рече Клуге. Сепак, во октомври и ноември „ќе видиме зголемување на смртноста“. Претставникот на СЗО со седиште во Копенхаген предупреди да не се создаваат преголеми очекувања од вакцините. „Постојано слушам: ’Вакцината ќе биде крај на пандемијата’. Секако дека нема да биде!“, изјави Белгиецот.

Повеќе:

-Науката и националното се судираат во трката за вакцина

-Корона: Враќањето на кризните региони

-„Успех би бил ако корона-вакцината барем го ублажи текот на болеста“

Засега е нејасно дали вакцината може да им помогне на сите  групи на население. Постојат назнаки дека вакцината може да им помогне на некои групи, но не и на други. „Ако тогаш треба да порачаме и различни вакцини, тоа ќе биде логистички кошмар“, истакна  Клуге.

Бројот на инфекции од коронавирусот во Европа нагло се зголеми во последните неколку недели, особено во Шпанија и во Франција. Само во петокот, пријавени се повеќе од 51 000 нови случаи на Ковид-19 во 55 земји членки на СЗО во Европа - повеќе отколку досегашниот рекорден број на инфекции во април годинава.

Светската здравствена организација (СЗО) во неделата објави дека уште 307.930 лица се заразени со вирусот корона во светот, што претставува најголемо дневно зголемување на бројот на инфекции од почетокот на пандемијата. Претходниот најголем број на заразени во текот на 24 часа беше пријавен на 6 септември, кога беа регистрирани уште 306.857 нови случаи на Ковид-19.

Најголемото зголемување на бројот на заразени продолжува да се бележи во Индија, САД и Бразил.