1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тачи со ветување до САД за царините кон Србија

СН/ агенции
7 јануари 2019

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, на состанокот со американскиот амбасадор во Германија ветил дека ќе работи на повлекувањето на царините кои Косово ги воведе на целата српска стока, пишува весникот „Вашингтон пост“.

https://p.dw.com/p/3B8KJ
Kosovo Präsident Hashim Thaci | ARCHIV
Фотографија: Reuters/L. Hasani

Косовскиот претседател во минатиот месец бил во досега непријавена дипломатска посета на Берлин каде што се сретна со амриканскиот амбасадор Ричард Гернел, лице од доверба на Трамп, пренесува весникот и додава оти тогаш го дал тоа ветување.

„Вашингтон пост“ укажува дека Тачи под притисок на американскиот претседател Доналд Трамп и споменувањето на можност за мировна церемонија во Белата куќа, ветил оти ќе преземе голем чекор кон решавање на конфликтот со својот ривал во Србија кој го поддржува Русија.

Како што наведува весникот, Трамп невообичаено директно апелирал до лидерите на Србија и на Косово, по 10-годишно непријателство се заканува да прерасне во конфликт и неговата администрација се заложи за досега необјавени потези зад кулисите кон ублажување на тензиите меѓу двете страни.

Повеќе:

-Веќе видена „клучна“ година за Косово

-Косовската логика на новиот светски поредок

-Косово: На сите страни само губитници

Во размена на дописи со Вашингтон во петокот Тачи рече дека е подготвен да го „разгледа укинувањето на царините доколку за Косово се отвори јасен пат кон постигнување на конечниот мировен договор со Србија“.

„Да, царините се вонредна мерка. Постои подготвеност од наша страна тоа да се промени. Тоа станува силна решеност ако почувствуваме поддршка и насочување од нашите партнери за тоа. Од моја страна јас ќе го уверам народот на Косово оти имаме поддршка и насочување“, рече Тачи.

Ставот на Тачи, кој по пишувањето на „Вашингтон пост“ порано не е објавен, доаѓа со одредена политичка опасност поради порастот на националистички тензии. Весникот укажува дека Тачи не може сам да ги укине царините и оти е соочен со интерно противење на косовскиот премиер кој понекогаш му е и политички ривал.

Меѓутоа, САД сметаат дека неговите зборови се прв чекор кон запирање на ескалацијата на потезите од двете страни во последните два месеца и кон можно враќање, како што изгледа со најплодни напори во последните 10 години, кон постигнување на конечен мировен договор.

Весникот потсетува дека Трамп минатиот месец им испрати писма на лидерите на Србија и на Косово во кои ги повикува да се вратат на мировните преговори и им нуди можност за заедничка покана во Белата куќа да го потпишат мировниот договор кој би го постигнале. Тачи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги објавија писмата.

Двајцата лидери рекоа оти сметаат дека писмата се знак оти Трамп е подготвен да преземе активна улога на медијатор, иако американските официјални лица изјавија дека задржуваат подалечен пристап кон овој проблем.