1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Тмурното корона-секојдневие и веста за баба Елена

СН/агенции
29 април 2020

И денешниот ден ќе беше помалку-повеќе налик на вчерашниот и на бројни претходни денови од избувнувањето на корона-кризата, да не беше веста за 85- годишната Прилепчанка, која го победи вирусот.

https://p.dw.com/p/3ba5B
Nord-Mazedonien Skopje | Coronavirus | Entnahme Abstrich Corona-Test
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Веста дека Прилепчанката Елена Макалоска, која има 85 години, е излекувана од Ковид-19 на инфективното одделение во Прилеп, денеска го разби тмурното македонско корона-секојдневие. Информацијата прва на социјалните мрежи ја сподели Општата болница - Прилеп, истакнувајќи дека денеска имаат причина за славје. Болницата уште објави дека баба Елена пресреќна посакала да се фотографира со дел од персоналот на болницата. 

Честитки за победниците над вирусот

Посебна објава на социјалните мрежи за ова имаше и министерот за здравство Венко Филипче, кој исто така порача дека денеска има причина за славје. Тој притоа притоа потсети дека и во минатата недела 85-годишен пациент целосно излекуван ја напуштил битолската болница.

Повеќе:

-Првомајски празници: Прошетка наместо излет со скара

-Премиерот Спасовски и министрите Османи, Филипче и Адеми одат во домашна изолација

-Време е за постепена нормализација

Станува, имено збор за двајцата најстари пациенти кои го победиле коронавирусот во земјата. 

„Им се восхитувам на силата на нашите двајца најстари пациенти кои ја добија оваа тешка битка“, порача Филипче упатувајќи им честитки ним и на нивните семејства како и на медицинскиот персонал во двете болници. 

Завршува самоизолацијата за премиерот и министрите

Оваа охабрувачка вест, ги фрли во втор план и информациите за вторите негативни контролни тестови на Ковид-19 на премиерот Оливер Спасовски , вицепремиерот Бујар Османи, министерот за образование Арбер Адеми како , како и на самиот Филипче.

Тие од 16 април се наоѓаа во самоизолација откако Ковид-19 му беше дијагностиирциран на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, со кој тие еден ден претходно имаа средба во кумановската болница. Патем и Димитриевски денеска објави дека е негативен на контролниот тест на Ковид-19 и оти утре продолжува со работните обврски, исто како и премиерот, вицепремиерот и министрите. 

21 нов случај, две починати лица

Што се однесува до развојот на епидемијата, денеска повторно беа пријавени два смртни случаи од Ковид-19. На Клиниката за инфективни болести починал 50-годишен пациент од Скопје, хоспитализиран на 6 април, кој 17 дена бил на механичка
вентилација.
На Клиниката за онкологија, пак, починал пациент на 51 година од Прилеп, чиј
позитивен резултат на Ковид-19 пристигнал вчера, соопшти македонското инистерството за здравство.
Во изминатите 24 часа биле направени 279 тестирања, а потврдени се 21 новофинфицирани од вирусот. 38 луѓе оздравеле од Ковид-19 во последните 24 часа.