1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Трамп поттикнува протести против заштитните мерки

СН/агенции
18 април 2020

Американскиот претседател преку Твитер ги повика своите приврзеници да ги „ослободат“ државите со демократски гувернери. Тој дури смета дека сојузната држава Вирџинија е „под опсада“

https://p.dw.com/p/3b6Dz
USA Corona-Pandemie PK Trump
Фотографија: Reuters/L. Millis

Некои од американските држави почнаа да размислуваат кога би можеле за започнат со ублажување на воведените рестриктивни мерки поради пандемијата на коронавирусот, додека претседателот Доналд Трамп смета дека одделни гувренери усвоиле престроги насоки.
Еден ден откако го изнесе планот за постепето заживување на економските активности, Трамп ги повика своите симпатизери да „ослободат“ три сојузни држави, чии гувернери се од Демократската партија.

Со тоа всушност тој охрабри протести против насоките граѓаните да останат дома за да се спречи ширењето на коронавирусот. „Ослободете ја Минесота! Ослободете го Мичиген! Ослободете ја Вирџинија!“ повика Трамп со низа објави на Твитер.Трамп на конференцијата за новинари рече дека мерките, кои ги донеле гувернерите на одделни држави, како што е Вирџинија, се преостри.

Повеќе:

-САД ги стопираат уплатите за СЗО

-Трамп не сака да се „маскира“

-Доналд Трамп потфрли во справувањето со корона-кризата

На прашањето дали во овие држави, меѓу кои се и Мичиген и Минесота, мерките треба да се укинат, Трамп одговори: „Не, но мислам оти елементите на мерките кои ги направија се претерани“. Тој рече и дека учесниците во протестите во некои држави се однесуваат одговорно, но дека кон нив се постапува „премногу остро“.

Пред резиденциите на гувренерите и пред локалните парламенти ширум САД, во претходните денови се организирани протести против постоечките рестрикции. Протести се одржани во Охајо и во Мичиген, како и во Оклахома, Тексас и во Вирџинија, каде се собираат симпатизерите на Трамп, противниците на вакцини, поддржувачите за правата за носење оружје и десничарските групи, сите обединети во спротиставувањето да се затвори економијата за да се забави ширењето на епидемијата.Некои започнаа јавно да ги кршат насоките за социјално дистанцирање за да извршат притисок врз гувернерите да се укинат.