1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Венеција стравува од поплавување

СН/агенции
3 ноември 2021

Некои знаменитости во прекрасниот италијански град, како плоштадот Свети Марко веќе се поплавени. Денеска и утре се очекуваат бура и нови поројни дождови. Градските власти реагираат

https://p.dw.com/p/42Vba
BdTD Italien | Hochwasser in Venedig
Фотографија: Matteo Tagliapietra/LaPresse/AP Photo/picture alliance

Поради невремето и силните ветрови, властите во Венеција го активираа градскиот систем за одбрана од поплави, т.н. Мосе, изјави градоначалникот Луиџи Бругнар.

Метеоролозите очекуваат невреме и денеска и утре, а градските власти стравуваат дека нивото на водата би можело да порасне и до 1,35 метри.

Системот за заштита од поплави Мосе, чие име потекнува од италијанскиот збор за Мојсеј, е наменет за заштита на Венеција од бранови на бура. Тој се состои од 78 бариери кои градот може да ги подигне на трите влеза и е во функција од 2020 година.

Со гондола низ Венеција

Проектот вреден една милијарда долари е контроверзен - корупција, бирократија, како и политичките и економските интереси долго ја одложуваа неговата изградба.

Стручњаците велат оти е можно дека од 2075 година ќе биде активен за време на целата година ако климатските промени, а со нив и порастот на нивото на морето, не забават.