Фотографија на денот: Се бараат мерки против злоставувањата
22 февруари 2019
Католичката црква мора да размисли за промена на вековните структури на моќ, бара ополномоштеникот на германската влада за прашања на злоставувањето Јоханес-Вилхелм Рериг. Со целибатот, „проблематичниот сексуален морал“, нагласената хиерархија, „моралната позиција на моќ“ на црквата и со тоа што жените речиси и немаат никаква улога во духовното опкружување, се создава поповолна клима за злоставување, оцени тој по повод почетокот на самитот на Римокатоличката црква во Ватикан по повод скандалите со злоставување. Според него, „не постои институција која застапува поконзервативен сексуален морал и истовремено толерира, прикрива и негира сексуално злоставување во своите редови со децении“.
190 претставници на Римокатоличката црква во Ватикан дебатираат за одговорност и транспарентност, како и за 21 предлог од папата Франциско, кои тој изненадувачки ги поднесе на првиот ден од самитот.